ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кос: Инструментот за реформи и раст може да донесе значителен развој на земјите од Западниот Балкан

May 13, 2025 10:29
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со своите шест милијарди евра Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан е главен механизам за забрзување на економската конвергенција на земјите од регионот во ЕУ, уште пред нивното зачленување во блокот, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на размена на мислења за Инструментот со членови на комитетите за надворешни работи (АФЕТ) и за буџет на Европскиот парламент.

– Зборуваме за Инструмент кој може да донесе значителен развој на земјите од Западниот Балкан. Веќе гледаме видлив напредок на нивната интеграција на клучните области на единствениот пазар. Албанија, Северна Македонија и Црна Гора успешно се придружија на СЕПА (Единствената област на плаќања во евра), а наскоро ќе ги следат и другите, рече Кос.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Кос додаде дека Инструментот нуди повеќе од финансиска помош на земјите од Западниот Балкан при нивното зачленување во ЕУ и со условеноста на исплатите на средства со спроведување на конкретни реформи, тој станува многу важна политичка алатка.

Кос потсети дека досега сите партнери од регионот, со исклучок на Босна и Херцеговина, ги подготвија своите реформски агенди за спроведување на клучните реформи поврзани со владеењето на правото, заштитата на основните права, јавната администрација и управувањето со јавните финансии и на мерките за развој на приватниот сектор, дигиталната транзиција и поддршката на човечкиот капитал, како и дека веќе е исплатено предфинасирањето за земјава и за Албанија.

– Уште поважно, Инструментот инјектира нова динамика во процесот на проширување. Благодарение на неговата трансформаторска природа и реформските агенди, интензивиран е дијалогот на ЕУ со секој од партнерите од Западниот Балкан и започнати се дискусии за реформи на долг рок, рече Кос.

Според неа, со овој Инструмент сега се преминува од амбиција во акција, бидејќи со него ЕУ не само што ги поддржува кандидатите за членство и своите соседи, туку обликува и посилна и пообединета Европа.

– Патот на Западниот Балкан кон ЕУ е заедничко патување во кое и двете страни мора да работат повеќе заедно и се надевам дека наскоро ќе можеме да известиме за конкретна имплементација на реформите наведени во реформските агенди на земјите кандидати, додаде Кос.

Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан е финансиска алатка на Планот за раст за Западниот Балкан, усвоен од страна на Европската комисија на 7 ноември 2023 година, кој се базира на четири столба – подобрување на економската интеграција на земјите од регионот во единствениот европски пазар, поттикнување економската интеграција меѓу западнобалканските држави во заеднички регионален пазар, забрзување на реформите, зголемување на економскиот раст и зајакнување ја регионалната стабилност.

За нивно остварување, преку Инструментот за земјите од регионот во периодот од 2024 до 2027 е предвидена финансиска помош од шест милијарди евра, од кои две милијарди евра во грантови и четири милијарди евра кредити под поволно услови. Главна цел на Инструментот е да се поддржи усогласувањето на партнерите од Западен Балкан со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на ЕУ, со цел нивно идно членство во Унијата, како и постепена интеграција во единствениот европски пазар и социо-економска конвергенција со ЕУ.

За да добивање на финансиска поддршка, земјите од регионот изготвија реформски агенди, со кои се утврдени реформите што тие планираат да ги преземат за да ги постигнат целите на Инструментот.

Исплатата на средствата од Инструментот, која треба да се врши двапати годишно, ќе зависи од темпото и успешноста на спроведувањето на предвидените реформи, како и од обезбедувањето макрофинансиска стабилност, стабилно управување со јавните финансии, транспарентност и надзор над буџетот. Дополнително, од земјите опфатени со Инструментот се бара и континуирано усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Од вкупната сума на средства од Инструментот, за земјава се предвидени 750,4 милиони евра, од кои 535,1 милиони евра позајмици и 215,3 милиони грантови. Во рамки на Инструментот земјава во март, како прва меѓу државите во регионот, веќе доби 52,5 милиони евра во форма на претфинансирање, од кои 24,4 милиони евра за буџетска поддршка, 13 милиони други позајмици и 15,1 милиони евра грантови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БалканКос

НАЈНОВО

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

Калас: Русија реално не е заинтересирана за мир во Украина

May 13, 2025

Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk