ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

May 14, 2025 15:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Денеска, на почетокот на седницата при усвојувањето на дневниот ред, како пратеничка група на СДСМ и коалицијата побаравме да се дополни дневниот ред со предлог-закон за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани, на членовите на нивните семејства. Сметаме дека денес требаше да се предложи ваков еден закон којшто не е обичен законски текст, туку е морална, институционална и човечка обврска, изјава за медиумите, Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Спасовски нагласи дека „и овој предлог-закон произлезе од најголемата трагедија во поновата историја на нашата држава, а тоа е пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Трагичниот настан којшто се случи на 16 март, кој однесе 62 човечки животи, а имаме и над 200 повредени во оваа несреќа и остави трајни психолошки и социјални последици врз настраданите лица и нивните семејства“.

„И овој настан ги истакна системските пропусти во доменот на безбедносните стандарди и инспекцискиот надзор, како и институционалната подготвеност за справување со вакви катастрофи.

И затоа предложивме да со овој закон ја преземеме нашата должност како народни избраници, но и како држава да не дозволиме страдањата на граѓаните да бидат игнорирани или да бидат потиснати. Со ова конечно институциите да застанат зад народот, не само во моментот на трагедијата туку во сите денови што следат, во процесот на закрепнување со солидарност, одговорност, но и системска поддршка и конкретни мерки.

Овој закон во целина опфаќа финансиска поддршка за жртвите и нивните семејства. Здравствена и психолошка помош за повредените и преживеаните, поддршка во образованието, трудова и социјална поддршка и што е најважно – има јасна институционална рамка преку формирањето на комисија за проценка и за следење на поддршката на лицата, членовите на нивните семејства, со што ќе се обезбеди координација, проценка и следење на спроведувањето на мерките.

По однос на финансиската поддршка, предлог е семејствата на секое лице кое го загубило животот како директна последица од несреќата да имаат право на еднократен паричен надоместок за претрпена нематеријална штета – душевна болка, во висина од 80.000 евра во денарска противвредност. Додека, пак, зависно од степенот на инвалидитет, за сите лица коишто ќе имаат инвалидитет се предвидена финансиска поддршка, односно надомест.

За 100% инвалидитет – 5 милиони денари,

за 90% инвалидитет – 4,1 милиони денари,

за 80% – 3,7 милиони денари,

за 70% инвалидитет – 3,1 милиони денари,

за 60% – 2,8 милиони денари,

за 50% инвалидитет – 2,5 милиони денари,

за 40% инвалидитет – 2,2 милиони денари,

за 30% – 1,5 милиони денари

и за 20% инвалидитет – 1,2 милион денари.

Исто така спомнав дека со овој закон се овозможува практично олеснување на постапките за добивање на здравствената поддршка, а тоа ќе значи и дома и во странство, за лечење и за рехабилитација. Образовна поддршка, трудова поддршка, а тоа е за родителите на лицата коишто се со повреди да можат да бидат одреден временски период на платено отсуство, поволности за родителите на настраданите итн.

Меѓутоа, денеска иако на дневниот ред се најдоа законски решенија коишто беа поднесени по скратена постапка и доставени во Собранието во истиот ден, вчера едниот од законите – закон за работни односи беше ставен на дневен ред само на претседателот на Собранието, додека ова законско решение, кое требаше да биде решение за обединување на сите политички субјекти, апсолутно не беше ставено на дневен ред и од тие причини го предложивме.

И за нас навистина е чудно и неприфатливо како ВМРО-ДПМНЕ и владиното мнозинство одбиваат воопшто да се дискутира за предлог-закон којшто е поднесен од СДСМ и коалицијата, којшто овозможува секаква можна поддршка на семејствата на настраданите во Кочани.

Но, на оние од другите трагедии и мислам дека крајно неодговорно и неразбирливо е зошто се одбива ваквото законско решение кога постои можност, постои и пракса за носење на вакви законски решенија. Мислам дека треба да имаме сите малку поголем дигнитет, да имаме и образ да излеземе пред луѓето и да кажеме зошто сметаме дека требаше секој еден од нас да го поддржи законското решение. Мислам дека, покрај тоа што ќе се помогне на овие семејства, многу ќе беше важна пораката којашто ќе ја испратиме, а тоа е порака на единство, на солидарност и на сплотеност околу ваквите работи. Овде е и листингот во којшто детално се гледа кој гласал, а кој одбил воопшто да гласа во законодавниот дом, така што сметам дека за ова треба сите заедно и повторно и повторно да се бориме ако сакаме да направиме исчекор кон промени во системот“, истакна Спасовски.

 

Tags: Спасовскитрагедија во Кочани
Next Post
Фото: Министерство за правда

Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk