Израелските воздушни напади во Газа убија најмалку 40 лица во текот на ноќта, според болнички извори. Најмалку девет одделни места беа погодени на југ, со извештаи за најмалку 36 тела однесени во болниците таму, пренесува Би-би-си.
Посеверно, Израел им нареди на луѓето да ги напуштат деловите од градот Газа, предупредувајќи ги дека ќе нападнат „со интензивна сила“
Воздушните напади доаѓаат додека израелската блокада за помош што влегува во Газа продолжува – не е дозволено внесување на залихи веќе 10 недели.
Имаше меѓународна осуда на блокадата, вклучително и од ОН, кои предупредија за „критичен ризик“ од глад за 2,1 милиони Палестинци што живеат таму.
Проценката поддржана од ОН, објавена во понеделник, покажа дека половина милион луѓе – или еден од пет – се соочуваат со глад во Газа.
Се вели дека се очекува речиси 71.000 деца под петгодишна возраст да бидат акутно неухранети во текот на следните 11 месеци до април 2026 година.
Други хуманитарни агенции изјавија дека блокадата може да биде воено злосторство и претставува политика на гладување.
Д. Мишев / Цивил Медиа