ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025 21:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: СДА МАкедонија

Фото: СДА МАкедонија

Share on FacebookShare on Twitter

Денес, во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“, се одржа меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“, во организација на Партијата за демократска акција на Македонија (СДА). Оваа година се одбележува 30-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Присутните ги поздрави претседателот на СДА – Македонија, Џелал Хоџиќ, кој беше и модератор. Конференцијата ја отвори заменик-претседателот на Главниот одбор на СДА – БиХ, Алија Табаковиќ, со воведен говор.

Фото: ЦИВИЛ Медиа

На првата панел-дискусија на тема „Негирањето на геноцидот е карактеристика на големосрпската пропаганда“ учествуваа: Ахмедин Шкријељ – пратеник на СДА Санџак во Парламентот на Србија, Љубчо Георгиевски – претседател на ВМРО НП, премиер на Македонија во мандатот 1998-2002, Енес Ибрахим – претседател на Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП), пратеник во три мандати во Парламентот на Македонија.

Помеѓу првиот и вториот панел, зборуваше Рафиз Алити, поранешен потпретседател на Македонското собрание и пратеник во неколку мандати.

На вториот панел, „Негирањето на геноцидот како последна фаза во процесот на геноцид“, говорници беа: Минела Календер – пратеничка на СДА Санџак во српскиот парламент, Никица Корубин – колумнистка и поранешна пратеничка во македонското собрание, Санела Шкријељ – активистка и поранешна пратеничка во македонското собрание, Дехран Муратов – новинар за Цивил Медиа.

На третиот панел „Улогата на Русија во поддршката на великосрпската пропаганда во Западен Балкан“, зборуваа: Џабир Дерала – активист за човекови права и претседател на Центарот за слобода ЦИВИЛ, Владимир Владимиров – геополитички аналитичар, Софија, Бугарија, Ивон Величковски – претседател на движењето Нова Република, поранешен пратеник во македонското собрание, Санадин Володер – новинар на порталот Mostarski.ba.

На виртуелниот панел „Светот за Сребреница“ со видео пораки учествуваа: пратеникот во Европскиот парламент Илхан Ќуќук (Бугарија), експертот за човекови права Хедер Роберсон Гастон (САД), како и директорката на Фондацијата Фридрих Еберт за Србија и Црна Гора, Кирстен Шенефелд (Германија).

Оваа конференција е демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот во Сребреница, што се одржа во јануари оваа година во Скопје. Чин со кој дел од македонскиот политички врв, во присуство на рускиот амбасадор, му аплаудираше на Милорад Додик за неговите пораки со кои го негираше геноцидот во Сребреница.

Геноцидот во Сребреница е факт. Негирањето на геноцидот е неприфатливо во едно демократско општество и претставува антицивилизациски чин. Геноцидот во Сребреница беше потврден со судска пресуда на Меѓународниот суд на правдата во Хаг како единствен геноцид на европско тло по Втората светска војна.

Европскиот парламент го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

На 4 февруари 2010 година, Собранието на Северна Македонија усвои Декларација за поддршка на Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница.

Декларацијата го осудува геноцидот врз повеќе од 8.000 Бошњаци од овој босански град.

Геноцидот во Сребреница е дел од институционалната меморија на ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Германија… сите земји во кои демократските вредности и почитувањето на човековите права се составен дел од нивните системи.

На 23 мај 2024 година, со 84 гласови „за“ од 193-те членки на Генералното собрание на ОН, беше усвоена Резолуција со која се осудува негирањето на геноцидот и величењето на воените злосторници. Истата резолуција го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Резолуцијата ја предложија Германија и Руанда, а Северна Македонија беше нејзин коспонзор.

 

Tags: КонференцијаСДА МакедонијаСребреница
Next Post

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk