ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Официјализирана пратеничката група на „Влен“ со девет пратеници, десеттиот се очекува да им се приклучи по оставката на Салим Сулејмани

May 20, 2025 13:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Влен“ днеска ја официјализира пратеничката група на со девет пратеници, а десеттиот, како што најави на денешната прес-конференција координаторот Беким Ќоку, се очекува да им се приклучи по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција.

-Денеска сме тука да ја претставиме пратеничката група Влен која поради случувањата што веќе и се познати на јавноста, бараше повторна потврда и разјаснување за тоа како ќе продолжи како пратеничка група. Тука сме официјално да ве известам дека до денес пратеничката група на Влен брои девет члена, додека во наредните денови верувам ќе ни се придружи десеттиот член, потоа единаесеттиот, а зошто да не и 14 и практично со тоа со десет членови ние сме најголемата албанска албанска пратеничка  група во Собранието на Република Северна Македонија. Пратениците кои учествуваат во оваа група се Африм Гаши, координаторот на пратеничката група Беким Ќоку, Аднан Азири, Мерита Колчи Коџаџику, Имрлије Салиу Фетаи, Саранда Имери Стафаи, Беким Сали, Калтрина Беќири и Фериде Хаџиу, рече Ќоку.

Потенцира дека го информирале и претседателот на Собранието за членовите на оваа група и побарале нова реконфигурирање на пратеничката група да се одрази и во соодветните работни тела на Собранието. Очекува оваа обврска да се исполни наредните денови.

-Ја користам оваа можност да им се обратам на тие 107 илјади гласачи кои го дадоа својот глас за Коалицијата Влен дека ние пратениците овде присутни продолжуваме да остануваме лојални на договорот што го склучивме со нив  на 8 мај 2024 година и дека сме доследни и непоколебливи кон програмските определби и изборните ветувања  со кои не овластија да бидеме нивни претставници и претставници на народот, рече Ќоку.

Упати апел до другите пратеници Албанци, особено на колегите кои го добија мандатот под Коалицијата Влен, да се приклучат на оваа група во, како што рече, овие клучни времиња за земјата за да го спроведат до крај мандатот на оние граѓани кои им ја дадода својата доверба под слоганот „Промените вредат“.

– Нивниот глас овде не вреди повеќе отколку овде заедно со нас. Никаде на друго место, туку овде заедно за нас. Пратеникот како претставник е институција е сам по себе и затоа има автономија за донесување на одлуки. Влен продолжува уште посилно и пообединето, убеден албанскиот граѓанин мрази поделби и сака единство. Локалните избори наесен ќе бидат доказ дека бевме и сме во право и дека она што го направивме навистина вредеше, рече Ќоку.

Тој нагласи дека десеттиот пратеник кој се очекува да се официјализира и да припаѓа на нивната пратеничка група по оставката на пратеникот Салим Сулејмани.

Информира дека водат разговори со сите пратеници, а особено со тие кои беа во пратеничката група Влен, односно пратениците од Алијансата на Албанците крилото на Арбен Таравари. Потенцира дека со нив имаат колегијален и пријателски однос. Како што рече, ниту тие самите не знаат што се случува со самата партија.

Ќоку нагласи дека не очекува оваа смена и организација на работните тела да влијае врз Бадентерот, оти, како што рече, пратеници од немнозинството има кај сите парламентарни партии.

Tags: ВЛЕНпратеници
Next Post

Агентот на Клоп негира дека тренерот се согласил да ја преземе Рома

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk