Оклахома ноќеска ја победи Минесота во првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата со убедливи 114:88.
Ѕвездата на домаќините Шеј Гилџеус-Александер со 31 постигнат поен го предводеше својот тим до триумфот. Двоцифрени во Оклахома беа и Џејлен Вилијамс (19 поени), Холмгрен (15), Хартенштајн (12).
Кај Минесота се истакнаа Рендл со 28 и Едвардс со 18 поени.
Вториот натпревар во серијата прв до четири победи ќе се одигра ноќта четврток кон петок со почеток во 2:30 часот.
Во финалето на Исток во 2 часот по полноќ играат Индијана – Њујорк.