Шведската компанија ИКЕА ќе започне производство на заштитна опрема за болнички работници, кои се на најголем удар во борбата против новиот корона вирус.
Конкретно станува збор за изработка на медицински маски и престилки.
Според Хенрик Елм, менаџер за набавки на компанијата, ИКЕА се соочува со одложување на испораката поради ширењето на корона вирусот во Европа и САД и затворањето на границите меѓу државите.
– Сепак компанијата беше подготвена и успеа да ги намали последиците од воведувањето на ограничувањата, доставувајќи производи во магацини на различни места, истакна Елм.