ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дополнителна поддршка за економијата од 8 милиони евра за обртни средства и 50 милиони за заштита на ликвидноста

Ова е една од вториот сет мерки презентирани денес од техничкиот премиер Оливер Спасовски.

March 31, 2020 14:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА

Дополнителни осум милиони евра се обезбедуваат преку Развојната банка за поддршка на микро, малите и средни претпријатија за обртни средства и околу 50 милиони евра за заштита на ликвидноста на претпријатијата.

Ова е една вториот сет мерки што денеска ги донесе Владата на седница, а ги соопшти премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција.

-Развојната банка покрај 5,7 -те милиони евра ќе пушти и дополнителни осум милиони евра бескаматни кредити за  микро, мали и средни претпријатија, што може да ги користат во зависност од бројот на вработените. Максималниот износ кој ќе биде одобрен не може да биде повисок од 5,535 милиони денари, односно 90 илјади евра, а минималниот понизок од 184.000 денари или три илјади евра, рече Спасовски

Кредитите ќе се одобруваат со рок на отплата до три години со грејс период од 12 месеци, а наменети се за обртни средства. Отплатата, како што рече премиерот, ќе се врши во квартални отплати. Кредитите се бескаматни и без административни трошоци, а ќе бидат обезбедени со меница авалирана од страна на еден од корисниците на кредитот во форма на нотарски акт со извршна клузула

Премиерот додаде дека околу 50 милини евра од Развојната банка на Северна Македонија ќе бидат пласирани преку комерцијални банки за заштита на ликвидност на компаниите.

Средствата, како што појасни, се обезбедуваат во рамки на тековниот договор што Развојната банка го има со Европската инвестициска банка, односно има можност да пвлечене искористен дел од кредитната линија во износ од 50 милиони евра со ниска каматна стапка.

Развојната банка, средствата од оваа кредитна линија, наменета за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемување на ликвидноста на стопанството и зголемен извоз, ги  пласира преку деловните банки до крајните корисници, односно до малите и средни претпријатија и компании со средна пазарна капитализација.

Со оваа мерка, како што рече премиерот, Развојната бака ќе понуди каматна стапа од 0% на деловните банки, кои ќе одат со пониски маргини и ќе можат да нудат кредити со камати од околу 1,5% .

-Со цел надминување на проблемите од новонастанатата состојба со појава на корона вирусот, кој директно го погодува работењето на мали и средни претпријатија државата презема мерка со која ќе ја субвенционира каматната стапка на Развојната банка кон ЕИБ, како и админситративниот трошок од 0,5% што Развојната банка ќе го пресметува кон деловните банки преку кои ќе се пласираат средствата, истакна Спасовски.

Меѓу донесените мерки денеска, премиерот потсети на Уредбата за олеснување на договорните услови на кредите од банките и штедилниците, со која банките на лесен и едноставен начин можат да ги одложат кредитите без потпишување анекси и одење на шалтер.

-Банките на правните лица ќе им понудат поповолни услови како пролонгирање отплата, репрограм, грејс период, поповолна камата и слично, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на кредитите од три до шест месеци. Секоја банка ќе ја донесе одлуката на својот надзорен одбор, рече премиерот.

Додаде дека оваа мерка веќе е во реализација и оти очекува да биде испочитувана.

-Генерално разговараме со сите и сите треба да бидат дел од решенијата. Имаат од сите согласност. Носат одлуки на нивните управни одбори . Она што очекувам е дека сите банки ќе го испочитуваат тоа што е договорено. Ако не го испочитуваат има следен чекор. Секој мора да работи онака како е договорено, изјави премиерот.

Тој соопшти дека една од мерките се однесува и на намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и кај лизинг компаниите.

Оваа мерка, како што рече, предвидува кај физичките лица да се репрограмираат кредитите со намалување на ратата  во следните три месеци за 70% од ратата и продолжување на рокот на отплата за најмалку 90 дена од доспевањето. Кај правните лица ќе се одлучува индивидуало со предлагање на најсоодветни поволности согласно со потребите на компаниите.

Нови договори за кредитете, согласно донесените мерки,  е да се одобруваат со грејс период од три месеци, а затезната камата која изнесуваше 51%, се намалува на 31%, а останатите трошоци што ги наплаќаат се ограничуваат на 20% од одобрениот кредит.

Next Post

Вкупно 320 лица починале од труење со алкохол во Иран

НАЈНОВО

Герапетритис: Средба Мицотакис – Ердоган на маргините на Генералното собрание на ОН

September 2, 2025

Два активни пожара во земјава, 13 изгаснати за 24 часа

September 2, 2025

Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk