ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вицепрeмиерот Николоски по потпишувањето на Договорот во Лондон: Започнуваме нова историја за развој на Македонија

May 22, 2025 17:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Александар Николоски денеска во Лондон во име на Владата го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Со Договорот на Македонија и се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти.

Во продолжение Ви ја пренесуваме интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:

„Навистина е привилегија и чест да се биде тука со делегацијата од македонската влада. Денеска со мене е вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, министерката за образование и наука, директорот на железници, советник од кабинетот на премиерот и претставници од мојот кабинет и навистина сме почестени што, не само што сме во Лондон и во Министерството за трговија и бизнис, туку и во оваа историска просторија, “Черчиловата соба”. Сметам дека тоа е навистина силен знак и сигнал за нашето партнерство, привилегија е да се биде токму во оваа просторија и да се потпише меѓувладиниот договор токму во оваа просторија.

Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансисрање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива.  Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако.

Она што е уште поважно за нас е дека ќе го искористиме искуството, но и најдобрата експертиза од британската јавна администрација, како и британскиот бизнис сектор, со што нашата администрација и нашиот бизнис сектор ќе дојдат до едно сосема ново ниво. Би сакал да ви се заблагодарам министре лично, за ангажманите од изминатите месеци, да се заблагодарам на Владата на Обединетото Кралство, како и на премиерот Стармер, кој што го сретнавме минатата недела. Навистина со нетрпение го очекуваме потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство и заедно со овие два договори, ние ќе воспоставиме сосема нови односи помеѓу нашите две држави. Ние сме сојузници во НАТО, но овие билатерални договори ќе не одведат на сосема ново ниво од нашата соработка и навистина сум благодарен што сме правата земја што потпишува ваков тип на договор”-изјави вицепремиерот Николоски по потпишувањето.

Британскиот министер Томас истакна дека двете држави имаат силни билатерални односи, како сојузници во НАТО и оцени дека ова ново партнерство е значителен чекор напред во идната трговија меѓу двете земји.

Тој изрази задоволство поради можноста за соработка на македонските и британските бизниси со цел да се испорачаат важни инфраструктурни проекти во земјава.

-Меѓувладиниот договор ќе поддржи испорака на клучни проекти, прво со фокус на модерни и здравствени установи и пристап до здравствени услуги. Секако тука е новата железница со што ќе се намали времето на патување и за луѓето и за стоките. Инфраструктурните инвестиции знаеме дека се клучни за да се поттикне економскиот раст и да се подобри животот на граѓаните. Знам дека е тоа наша заедничка цел, за нашите влади се разбира и ова партнерство е новиот темел за поддршка на таквата испорака за да се поттикне растот, да се споделат најдобрите пракси меѓу нашите две нации и секако нашите меѓусебни односи да се издигнат на едно ново ниво, нагласи британскиот министер Томас.

Прочитајте и…

Кои се фискалните ризици од шесте милијарди евра заем од Велика Британија

 

Tags: заемЛондонНиколоски
Next Post

Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

Shortcut

Најново

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk