ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, за локалните избори најави соработка и со ДУИ и со „Влен“

May 25, 2025 13:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На вонредното собрание на Алијансата за Албанците  од  крилото на Арбен Таравари беше разрешен шефот на Собранието на партијата, Арбен Фетаи. Состанокот на Собранието, како што рече Таравари, го иницирале 2/3 од членовите, а доаѓа неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата. За нов претседател на Собранието на АА е избран Назим Таипи.

-Исклучивме и некои членови на претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. Членовите на претседателството кои беа исклучени се вкупно осум од 46 членови на Централното претседателство, така што тоа продолжува со мнозинството членови, а собранието со апсолутно мнозинство во Централното собрание. За Мимоза Муса не беше донесена одлуката, бидејќи не беше добро дефинирана пораката, дали останува со Алијансата за Албанците или останува со „Влен“, немаме јасна порака, рече Таравари.

Оцени дека партијата сега била почиста, бидејќи според него, оние што ја напуштиле не мислеле на народот. Таравари во моментов работи само со тројца пратеници, откако и пратеничката Мимоза Муса најави дека ќе остане дел од коалицијата „Влен“ во Владата.

-По заминувањето на оние кои беа заинтересирани само за власт, Алијансата за Албанците ќе расте силно и ќе стане водечка политичка сила во иднина, изјави Таравари.

Тој најави дека на Собранието била потврдена одлуката партијата да ја напушти Владата и да оди сама на локалните избори во октомври. Тој најави дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со „Влен“.

-Во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа, во Бутел ќе соработуваме и со ДУИ и со „Влен“, бидејќи само така можеме да им помогнеме на Албанците и тоа е од албански интерес, во другите општини ќе видиме….Немаме дефинитивна одлука. Не исклучуваме соработка со која било опозициска политичка партија, освен со Левица. Да сте сигурни дека со Левица нема да соработуваме, рече Таравари.

Tags: Таравари
Next Post
Фото: Општина Валандово

Вечер 38. издание на Фолк фест „Валандово“

НАЈНОВО

Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

September 3, 2025

Кузеска: Мицкоски зборува едно Христовски го демантира, СДСМ бара итна декласификација за случајот со АНБ

September 3, 2025

Научници открија зошто настануваат мистериозни електрични удари на сателитите

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ја спаси Македонија од новото задолжување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk