ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски се извини – навистина се извини?!

И ќе беше многу поинтересно ако во тие искрени моменти, на говорницата не му се придружеше потпретседателот Алексндар Николовски и почна да му ги симнува микрофоните. Мицкоски никако не се предаваше и почна со две раце силно да ги стиска микрофоните, обидувајќи се да се одржи на говорницата

April 1, 2020 13:53
in АХА!, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

Мицкоски на денешната прес конференција по повод паднатиот снег за први април, се одлучи да си ја отвори душата пред сите македонски граѓани. Тој решил да се извини на сите и за сѐ, јавуваат репортерите на АХА од прес-конференцијата на која се обраќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски прво им се извини на граѓаните за сите лаги и клевети што ги искажал од неговото преземање на вмровското кормило, па до денес. Посебно се наврати на неколкуте последни прес-конференции што се однесуваат на справувањето на државата со корона кризата. Призна Мицко дека се обидувал да ќари политички поени на грбот и маката на сите граѓани и со наведната глава и неколку солзи побара да му се прости. Искажа каење Мицкоски зашто инсинуирал во моменти кога сите повикувале на единство и заедничко справување со последиците. Во своето пошироко излагање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се извини и за децениската девастација на економијата, правдата руинирањето на сите области од општественото живеење, што произлезе од мафијашкото владеењето на неговиот ментор и мецена Груевски.

Простете ми, ве молам! – викаше Мицкоски од говорницата.

Нема повеќе никогаш да одам на аминување во Будимпешта кај Грујо, се каам и за тоа и клекнат еве пред сите вас и пред цела македонска јавност барам прошка, молежливо говореше Мицкоски.

За време на пресот Мицкоски се извини и за хидроцентаралите кои ги ќарил од позиција на власт, а потоа подло решил да ги продаде. Смогна сили Микоски, се извини и за тоа што ја злоупотребил позицијата на својот татко и му станал асистент. Во тие моменти некоја чудна аура се расфрли околу клекнатиот Мицкски, тоа можеа сите да го забележат.

И ќе беше многу поинтересно ако во тие искрени моменти, на говорницата не му се придружеше потпретседателот Алексндар Николовски и почна да му ги симнува микрофоните. Мицкоски никако не се предаваше и почна со две раце силно да ги стиска микрофоните, обидувајќи се да се одржи на говорницата. На Николовски на помош му дојде и Тарчуловски, Ѓорчев и уште неколку вмровци видно загрижени за тоа што говори нивниот претседател и, некако успеаа да го совладаат. Го подзедоа подмишки и го тргнаа позади сцена. Во заднината се слушаа восклиците и молбите на Мицкоски:

– Оставете ме да се извинам, оставете мееее…

По некое време не се слушаше ништо повеќе. Снегот непрестано врнеше и ги покриваше трагите на овој вандалски чин на Николовски, Тарчуловски и баграта вмровци, над нивниот претседател. Од толпата насобран народ, почнаа да се слушаат аплаузи. Најпрво беше само еден, па друг и на крај цела публика ракоплескаше на овој чин на отстранување на претседателот на кого до пред само неколку дена му симнуваа ѕвезди и ловорики. Се слушаа пцости и пизми на сметка на Мицко, ти се чини му го собирале неговите тоа три години. Но, тоа не беше чудно, историски им е практика тоа анатемисување на своите безмалку сите вмровските бивши лидери.

Денеска е први април. Да го запаметиме овој ден кога „ѓаволите“ кои Мицкоски сам си ги инсталираше во партијата му ја одземаа радоста на каењето и шегата.

Срам да им е на Николовски и багра, го измалтретираа човекот!


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Златко Марин на ФБ: Компјутери за социјално ранливите ученци од општина Аеродром

НАЈНОВО

Фото: ЕПА/МИА

Македонските фудбалери на контролен натпревар со Саудиска Арабија

September 4, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски Фотомонтажа / А. М.

AA: Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“ изнесени од Антонио Милошоски?

September 4, 2025

Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk