ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство

June 3, 2025 15:58
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднел кривична пријава против шест физички лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

МВР денеска соопшти дека првопријавениот во својство на претседател на управен одбор на Државна лотарија на Р.С. Македонија, усвоил план за изменување и дополнување на планот за јавни набавки за 2023 и го намалил периодот на важност на договорот за изнајмување софтвер за лотариски систем на една година со што двојно ја зголемил проценетата вредност за набавката и склучил договор со друго правно лице.

– Второпријавениот, во својство на директор на Сектор за информатички технологии, изготвил барање за измена на планот за јавни набавки со Секторот за јавни набавки на Државна лотарија на РСМ за 2023, во кое навел дека предвидените средства за изнајмување на софтвер на лотариски систем во висина од 12.000.000 денари не се доволни и исто така не преземал дејствија за раскинување на договорот со едно правно лице и покрај тоа што знаел дека постапуваат погрешно во делот на одржување на софтверот. Второ, трето и четврто пријавените, во својство на членови на комисија за јавни набавки, изготвиле извештај од спроведена постапка од 2023 во која констатирале дека доставените понуди од едното правно лице и другото правно лице ги исполнувале  критериумите, и покрај тоа што не ги исполнувале бараните критериуми, се појаснува во соопштението.

Петто и шесто пријавените во име на правните лица, се подвлекува во соопштението, склучиле договор за поднесување на заедничка понуда во отворена постапка, во кој навеле дека освен банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот едното правно лице од  ќе обезбеди и развиен софтвер за лотариски систем, додека пријавеното правно лице не се придржувало и не ги исполнило условите и барањата од набавка.

Од преземените дејствија, двете правни лица се стекнале со противправна имотна корист од 11.870.754 денари.

Next Post

МВР: Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk