ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европски фронт поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски

June 4, 2025 15:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пратеничката група на Европскиот фронт вчера до претседателот на Собранието Африм Гаши поднела интерпелација за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Пратеникот Илир Хасани денеска на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за  Уставниот суд.

-Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирање на оваа инстицуија и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони, рече Хасани.

Според него, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик и прашува што има против албанскиот јазик.

-Во причините за интерпелацијата може да споменеме интервју што е дадено за новинарската агенција МИА во август 2024 година, каде што цитирам „дека политиката што ја создаде тој закон создаде еден вид правен хаос што резултираше со политички хаос, недоверба и дилема.  Факт е дека законот се спроведува и дека создава проблеми со неговата имплементација“. Оваа изјава покренува неколку прашања: Врз основа на кој член од Уставот или кокретен закон претседателот на Уставен суд смее да карактеризира закон како извор на политички и правен хаос и дали е во надлежност на претседател на Уставен суд да утврди проблеми во спроведување на зкаонот и да предвиди законодавна интервенција. Ваквите изјави ги намалуваат рамките на надлежностите дефинирани со закон и создава серија сомнежи за непристараноста на претседателот на Судот во случаи што се уште се во фаза за разгледување, рече Хасани.

Пратеникот се повикува и на други медиумски објави како кога на новинарско прашање зошто во натписот зад говорницата на Уставниот суд е само на македонски јазик, Костадиновски одговорил дека тоа се случува само поради носење на лоши закони и навел дека законот за употреба на јазиците не го вклучува Уставниот суд.

-Оваа изјава е навредлива и изразува предрасуда за Закон што е донесен од Собранието и се спроведува и исто така ги прекршува одредбите од член 101 од Законот за Уставниот суд со кој се забранува јавно изразување став за случаи што се предмет на разгледување во Судот, смета Хасани.

Пратеникот вели исто така дека Костадиновски во барањето до Венециската комисија употребил термин „малцинство“.

Интерпелацијата, според пратеникот не е за тој да се разреши туку има политичко влијание тој да одговори на нивните обвинувања, особено што наскорто треба да се одржи седницата на Уставниот суд во врска со Законот за употребата на албанскиот јазик. Хасани вели дека очекува од Костадиновски да присуствува на пленарната седница на која ќе се расправа за интерпелацијата.

Next Post

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме, проектираните 3,7 отсто се остварливи за оваа година

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Photo / the Greek Orthodox Patriarchate

Израелската опозиција ја нарече „катастрофа“ одлуката на кабинетот за Газа

August 8, 2025

Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на ВИ на македонски јазик на конференција во Виена

August 8, 2025

Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан

August 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • OpenAI го претстави GPT‑5, достапен за сите корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk