ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хегсет: Одвраќањето и одбраната на НАТО не може да бидат одговорност само на САД

June 5, 2025 10:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Мора да направиме се за да ги зајакнеме капацитетите со цел да бидат способни за одвраќање, но тоа не може да биде одговорност само на САД, изјави американскиот секретар за одбрана Пет Хегсет пред почетокот на денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата.

– САД се горди што можат да бидат тука и да стојат покрај своите сојузници, но пораката ќе продолжи да биде јасна дека одвраќањето и одбраната преку зајакнување не можат и нема да бидат обезбедени само од САД, рече Хегсет, додавајќи дека САД направија чекор напред во зајакнувањето, но дека тоа треба да го сторат и европските сојузници.

Говорејќи придружуван од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Хегсет нагласи дека е значајно што на денешниот министерски состанок ќе се говори за капацитетите, затоа што треба да се знае на што се трошат парите во одбраната.

– Целта поради која сум јас тука е да бидеме сигурни дека сите земји од НАТО сфаќаат дека треба да биде подметнато секое рамо и сите треба да трошат на ниво од пет отсто , истакна Хегсет.

Според него, одвојување на пет проценти од БДП за одбраната е цел што мора да ја постигнат сите членки на Алијансата, за да може да се одговори на заканите со кои се соочува НАТО во современиот свет.

Нагласувајќи ја посветеноста на САД на НАТО, Хегсет истакна дека ако некој направил нешто за „обнова на НАТО“, тоа е сигурно американскиот претседател Доналд Трамп со неговите заложби за поголеми одбранбени трошоци.

– Уште во текот на неговиот прв (претседателски) мандат, тој рече не може само слободно да користите, туку мора и да трошите повеќе и да бидете посветени. Европските земји направија чекор напред, но сега имаме нови цели што се поставени, додаде американскиот секретар за одбрана.

Хегсет му се заблагодари на Руте за неговото лидерство, затоа што, како што рече, не е лесно да се раководи со организација каде членките имаат различни ставови, но сепак споделуваат разбирање и посветеност за колективната одбрана.

Tags: НАТОХегсет
Next Post

Штрајк на новинарите во Грција

Shortcut

Најново

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk