ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: С. Македонија за прв пат на состанок на НАТО како полноправна членка, како да се „потроши“ Филипче, здравствениот систем подготвен пикот кон крајот на месецов

Актуелности од 09 до 12 часот.

April 2, 2020 11:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

С. Македонија за прв пат на состанок на НАТО како полноправна членка. „Ќе и посакаме добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка, дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред”, рече Столтенберг.

Спасовски: Владата не може да посегне по парите во Вториот пензиски столб. -Не можам да разберам како може лидер на опозиција или опозицијата да посегне по лични финансиски средства.  Тоа е исто како сега да кажете сите кои имаат штедни влогови во банките, државата може да донесе одлука и да рече да им ги земаме штедните влогови, стои во објавата на премиерот.

МЗ: Здравствениот систем подготвен да прими поголем број пациенти, како и за пикот кон крајот на месецов.

Товарен воз се излизга од пругата меѓу Миравци и Клисура, нема повредени. Товарен воз што сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура, утрово околу 6 часот и 40 минути се излигал од шините откако претходно удрил во одрон од камења. Во незгодата нема повредени.

Пијана битолчанка лежела на улица за време на полициски час. -Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест предизвикана од коронавирусот COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена од Владата. Првиот обвинет 18- годишен жител на Битола, на 26 март, во 01:25 часот со патничко моторно возило Рено 19 без регистарски таблици се движел по ул.„8-ми Септември“. Втората обвинета, на возраст од 33 години, на 26 март во 00:30 часот била затекната како лежи во алкохолизирана состојба на ул. „Прилепска“, велат од обвинителство.

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства.

Како да се „потроши“ Филипче. Во целата лавина од информации и контрасовети за мерките на Владата – поголем дел од нив добронамерни, помал дел класично мрчаторски – една пријателка беше доволно љубезна да ме замоли да прашам нешто јавно: дали во кратењето на платите за сите актуелни избрани и именувани функционери во наредните два месеци, спаѓаат и редовните буџетски примања на двата поранешни, живи и здрави претседатели, нашите Црвенковски и Иванов?, пишува во својата најнова колумна за ЦИВИЛ Медиа, Сашо Орданоски.

Next Post

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ манипулира дека е паднат кровот на привремената болница

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk