ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Насилници брутално претепаа девојче од Штип, крајно вознемирувачко видео се шири на социјалните мрежи, бурна реакција во јавноста

Двајца насилници Пепи Ристов и Стефан Арсов брутално тепаат девојче од Штип. Според објавите на Фејсбук, барем едниот е активист на ВМРО-ДПМНЕ.

April 2, 2020 11:55
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, СКАНДАЛИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Видео со вознемирувачка содржина се појави и веднаш се прошири на социјалните медиуми. На видео клипот се гледа како двајца од Штип буквално шутираат девојче кое лежи стуткано во агол. Тие ја тепаат девојка која ја обвинуваат дека излажала дека е бремена. На видеото се слушаат силни удари, а жрвтата со лелеци ги моли напаѓачите да престанат.

https://twitter.com/i/status/1245629178524794880

Полицијата ги идентификуваше двајцата насилници кои дури и го снимале бруталниот чин и ги уапси. На социјалните мрежи веќе се објавени и имињата на насилниците, но за нив официјална потврда од МВР се уште нема.

Станува збор за извесен Стефан Арсов кој според објавите на Фејсбук може да се забележи дека е симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Другиот насилник е идентификувано како Пепи Ристов. Познаници и негови фејсбук пријатели веднаш ја одудија неговата постапка и му порачаа дека треба да одговара.

Во коментарите на социјалните мрежи се повикува на најстроги санкции и пресметка со овие насилници.

Заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска на Фејсбук напиша дека за случајот ќе постапува и Центарот за социјални работи.

„Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи“, напиша Петровска.

Петровска најави и  најстроги санкции за сторителите.

Според Кривичниот законик, тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Исто така, доколку се утврди дека нападната е малолетничка, и тоа ќе се земе предвид во сакнционирањето.

И. Т. Зафировска

Next Post

Сообраќајна незгода за време на полицискиот час во Тетовско

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk