ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во образовната инфраструктура инвестиции од околу две милијарди денари, изјави Мицкоски

June 17, 2025 12:40
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Во образовната инфраструктура има инвестиции од околу две милијарди денари, кои опфаќаат повеќе проекти, меѓу кои училишта, спортски сали, студентски домови,…, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Битола во врска со она што Владата го прави за подобрување на инфраструктурата во образованието.

-Што се однесува до Министерството за образование имаме инвестиции околу две милијарди денари, седум комплетно нови училишта и 20 се реновираат, четири нови спортски сали, два студентски дома, дел од стратешкиот договор со Обединетото Кралство е изградба на нов медицински факултет во рамки на новиот Клинички центар во Штип, студентски дом со 2200 легла. Очекувам оваа година да продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК, при универзитетот свети „Кирил и Методиј“, како и почеток на изградбата на Комплексот на универзитетот „Мајка Тереза“, изјави Мицкоски, кој престојува во посета на Општина Битола, каде присуствува, меѓудругото и на почетокот на реконструкцијата на зградата на поранешното кино „Партизан“.

Мицкоски денеска во Битола ќе се обрати на одбележувањето на 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, на настан насловен „Идеја што не запира, вредности што носат промени“, а на прашањето каква порака ќе упати вечерва од Хераклеа истакна дека за партијата ова е голем настан.

-За нас ова е навистина посебен настан, сепак 35 години од постоењето на современото ВМРО, односно ВМРО-ДПМНЕ е голем настан. Со тоа што сме во Битола испраќаме силна порака и за Битола и за битолчани и за целиот Пелагонски регион. ВМРО-ДПМНЕ е најдржавната и најголемата политичка партија во Македонија, мора така да се однесуваме. И во периодот кој следи очекувам ВМРО-ДПМНЕ тоа да го повтори со уште една би рекол историски голема победа на локалните ибзори на целата територија во државата, вклучително и тука во Битлоа. Така што тоа би била пораката, истакна Мицкоски.

Next Post

Над 50 Палестинци убиени чекајќи камиони со хуманитарна помош

НАЈНОВО

Преговарачите за спогодбата за загадување со пластика во Женева не постигнаа договор

August 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Проукраински протест во Анкориџ пред самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025
Скриншот

Талибанците ја прославуваат четиригодишнината од враќањето на власт во Авганистан

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk