ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Албански медиуми: Албанија меѓу земјите што трошат најмногу за воена опрема во НАТО; Германија е за укинување на мерките против Косово, но повикува на координација на северот; Продолжуваат истрагите за Српска листа

June 18, 2025 12:52
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на годините 2014-2024, албанските одбранбени власти потрошиле приближно 320 милиони евра за набавка на воена опрема, според графиконот прикажан во неделникот „Економист“, Албанија е меѓу земјите што трошат најмногу за воена опрема во НАТО, пишуваат албанските медиуми.

ЕУ има волја за отстранување на мерките на Косово, но бара подобра координација на северот на државата, вели  германскиот амбасадор Јорн Рохде, пренесуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Тема: Албанија меѓу земјите што трошат најмногу за воена опрема во НАТО

Албанија е меѓу првите земји-членки на НАТО кои потрошиле најмногу за воена опрема како процент од вкупните трошоци за одбрана, покажа графикон во неделникот „Економист“, пренесе Газета тема.

Албанија, која се приближува до квотата од 50 проценти до 2024 година, се рангира зад Полска и Унгарија, според прегледот на британското списание.

Во текот на годините 2014-2024, албанските одбранбени власти потрошиле приближно 320 милиони евра за набавка на воена опрема.

Ора њуз: По обвинувањата на опозицијата за „бугарски воз“, во Тирана денеска ќе се пребројуваат гласови од 1282 гласачки кутии

Денес ќе започне пребројувањето на гласовите за 1282 избирачки места во округот Тирана, по што ќе следат 587 избирачки места во округот Фиер и 360 гласачки кутии во Драч. Вкупно ќе бидат пребројани 2323 гласачки кутии од изборите на 11 мај, пренесе Ора њуз.

КОСОВО

Инсајдери: Германија е за укинување на мерките против Косово, но повикува на координација на северот

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Рохде, изјави дека повеќето земји-членки на Европската Унија се за укинување на мерките, но ѝ наложи на Владата да не презема некоординирани акции на север, пренесе Инсајдери.

Роде рече дека државите биле подготвени минатата година.

Сепак, како што истакна, имало некои некоординирани акции на северот од земјата и некои од земјите-членки потоа рекоа „ајде да почекаме уште малку“.

РСЕ: Одложено сослушувањето на Златан Елек , истрагите за Српска листа продолжуваат

Сослушувањето на лидерот на Српската листа, Златан Елек, пред Специјалното обвинителство во Приштина, кое беше закажано за 18 јуни, е одложено, откако неговиот адвокат се разболе.

Во тек се истраги против Елек и неколку други функционери на оваа партија, бидејќи се осомничени за поткопување на уставниот поредок на Косово и учество во протестите и поставување барикади на северот од земјата, во 2022 година, пишува Радио Слободна Европа.

На почетокот на јуни, високиот функционер на Српската листа, Игор Симиќ, изјави дека тој самиот, заедно со Елек и Славко Симиќ – сите тројца актуелни пратеници во косовското собрание – се под истрага за вмешаност во нападот врз уставниот поредок на Косово и за други кривични дела поврзани со протестите од декември 2022 година.

КОЛУМНА

Коха: Дијалог со Путин? Наивната битка на некои германски социјалдемократи

„Документот од пацифистичкото крило на СПД ја идеализира политиката на канцеларот Вили Брант во 1970-тите. Во тоа време, Брант ги прошири односите со Советскиот Сојуз и Источниот блок, отворајќи го патот за повторно обединување на Германија две децении подоцна.

Но, пацифистите на СПД забораваат едно: во времето на канцеларот Брант, трошоците за одбрана на Германија беа повисоки отколку што се денес. Министерот Писториус сега го нагласува ова. Тој вели дека нема ништо против преговорите со Русија, под услов тие да се водат под еднакви услови. „Но, без потчинување“!“, пишува Авторот Енвер Робели, во колумната „Дијалог со Путин? Наивната битка на некои германски социјалдемократи“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиуми
Next Post

Пицула: Брисел мора да ја спречи идејата за „српски свет“

НАЈНОВО

Доделени наградите на на МФФ Киненова, Гран при за грузискиот филм „Паноптикон“

October 3, 2025

Локалните избори во Струга – меѓу ветувањата за економија, туризам и урбан развој

October 3, 2025

(ВИДЕО) Тејлор Свифт го објави 12-тиот студиски албум

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk