ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025 16:37
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода, со соопштение по одлуката на Апелациониот суд кој деновиве ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд во Скопје, во судскиот процес што траеше две години, а во која Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник, Панче Тошковски го тужеа Џабир Дерала за клевета поради текст пренесен од други медиуми.

Оттаму наведуваат дека „слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи“.

Соопштението од ЦИВИЛ го пренесуваме во целост.

„Повеќе од две години траеше политички мотивираниот судски процес, против претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, новинар и бранител на човековите права, Џабир Дерала, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, сега премиер на Република Северна Македонија, а кој го водеше неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тие поднесоа тужба за клевета против нашиот колега и тоа за текст преземен од други медиуми. Овој судски процес конечно ја дочека својата завршница откако Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд во Скопје во корист на тужителот.

Овој судски процес е флагрантен доказ дека актуелниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува практиката на својот претходник, при што се потврдува тесната врска помеѓу власта и судството. Со ова се поткопуваат медиумските слободи и слободата на изразување, и се пренесува јасна порака до медиумите, уредниците и новинарите дека државата се движи кон медиумски мрак. Судски прогон, притисоци, закани и кампањи за валкање се „обезбедени“ за сите што не се однесуваат според „правилата“ на власта.

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара почитување на демократските вредности и човековите права и слободи, принципи во кои длабоко се вкоренети и слободата на изразување, медиумските слободи и правата на медиумските работници и застанува силно против секаков вид закани и задушување на фактите и вистината.

Во општество каде што политичарите се обидуваат да го замолчат секој критички глас, нашата должност е да зборуваме уште погласно. Замолчувањето е алатка на стравот, но вистината не препознава тишина. Новинарите и активистите не се непријатели, тие се чувари на демократијата. Без слободен збор, нема слободна држава.

Ние стоиме јасно на ставот дека оваа пресуда не е само обид да се замолчи Дерала, туку обид за замолчување на новинарите, активистите, јавните интелектуалци и креаторите на јавното мислење, како и секој човек што го користи јавниот подиум да проговори против неправдите.

Политичарите како Мицкоски и Тошковски кои се плашат од јавна критика не градат држава – тие ја распарчуваат. Тие не сакаат вистина, туку тишина. Но слободата не живее во тишина – таа живее во гласноста, во храброста да се каже тоа што не сака да го слушне врвот на власта.

ЦИВИЛ го поддржува Дерала во континуираната борба за слобода на изразување, бидејќи тоа е борба за достоинство, за правда, за иднина. Да молчиме значи да се откажеме од сопствениот глас. А кога новинарите и граѓанските активисти молчат, лагата зборува во нивно име. Затоа, нема да дозволиме ниту еден властодржец да ни го одземе правото да зборуваме – зашто тоа е првиот чекор кон одземање на сите други права.

Слобода на изразување е темел на секое демократско општество. Таа не е луксуз, ниту подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек“, се наведува во соопштението од ЦИВИЛ.


Прилог: Линк до јавната изјава на Џабир Дерала на македонски, албански и англиски.

Tags: ДералаЦИВИЛ
Next Post

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

Shortcut

Најново

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026
Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk