ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

Денисовците добија лице. ДНК од забен камен откри идентитет на мистериозен череп од Кина

June 19, 2025 16:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Петнаесет години откако е откриен нов вид човек – Денисовците – научниците конечно успеаја да поврзат ДНК од тој древен човек со череп пронајден во Кина. Клучниот доказ? Забен камен.

Череп на Денисовец (Ni et al., The Innovation, 2021)

Кога генетичарката Kаомеј Фу пред 15 години го анализираше едно мало парче од прст откриено во сибирската пештера Денисова, не можеше ни да претпостави како изгледал тој човек. Во тоа време, единствениот податок што го имаа таа и нејзините колеги од Институтот Макс Планк за еволутивна антропологија беше дека станува збор за остатоци стари 66.000 години, можеби поврзани со неандерталците. Но ДНК-анализата откри нова, досега непозната човечка лоза – која го доби името „Денисовци“.

Од тогаш наваму, д-р Фу откриваше ДНК од Денисовци во фосилизирани заби, коски, седименти од тибетски пештери, па дури и во современи луѓе од Азија и Пацификот — доказ за древно вкрстување со предците на денешните луѓе.

Но физичкиот изглед на Денисовците остана мистерија — сè до сега.

Илустрирана реконструкција на лицето на Денисовецот. Фотографија… Чуанг Жао

Черепот од Харбин: Скриен 80 години, денес со клучни одговори

Черепот кој денес ни дава лице на Денисовец бил пронајден уште во 1933 година од работник на градилиште во кинескиот град Харбин. Сфаќајќи дека можеби е вреден, го сокрил во напуштен бунар и никогаш не се вратил по него. Децении подоцна, непосредно пред неговата смрт, им ја открил тајната на својата фамилија, која го извадила черепот во 2018 година и го донирала на Универзитетот за геонауки во Хебеи.

Таму, тим предводен од палеонтологот Kианг Џи утврдил дека черепот е стар најмалку 146.000 години, а можеби и значително повеќе. Реконструкцијата покажала дека се работи за масивна машка индивидуа со рамни образи, широка уста, изразени веѓи, длабоко поставени очи и без брада — со мозок за 7% поголем од просечниот човечки.

Во 2021 година, Џи и неговите колеги предложија нов вид – Homo longi, наречен по регионот Лонг Џианг каде што бил пронајден.

Но д-р Фу се посомнева дека можеби се работи за Денисовец.

Митохондријалната ДНК од Денисовецот е извлечена од само 0,3 мг забен камен. (Fu et al., Cell, 2025)

Револуционерно откритие од забен камен

Д-р Фу добила дозвола да го анализира черепот, надевајќи се дека ќе најде ДНК. По неуспешни обиди со коска и внатрешното уво, нејзиниот тим сепак успеал не во коската, туку во забниот камен! Иако главниот дел од ДНК-то потекнувал од бактерии, во него имало и човечки клетки. И тие биле Денисовски.

Дополнително, од коската биле изолирани 95 протеини – многу за еден фосил – што ја потврдиле истата генетска припадност.

„Овој момент е многу личен за мене,“ изјави д-р Фу. „По толку години, конечно можеме да ставиме лице на името Денисовци.“

Решена мистерија, отворени прашања

Истражувачите сега го вметнаа черепот од Харбин во денисовското „генеалошко стебло“. Анализата покажува дека припаѓал на истата гранка со најстарите Денисовци од пештерата Денисова (пред околу 200.000 години), додека девојчето со прстот од 66.000 години е од друга гранка.

И покрај големата варијабилност во ДНК-то на Денисовците, не може со сигурност да се каже дали ликот реконструиран од черепот претставува типичен Денисовец. „За сега, имаме само еден случај,“ вели д-р Фу. Таа се надева дека во иднина ќе се најдат повеќе фосили од Кина и други делови на Азија.

Денисовци или Homo longi?

Научниците сè уште дебатираат како да го наречат овој вид. Еден дел од нив, како д-р Крис Стрингер од Природонаучниот музеј во Лондон, се држат до Homo longi. Но други, како палеоантропологот Џон Хокс од Универзитетот во Висконсин, сметаат дека треба да остане „Денисовци“ — бидејќи тие очигледно можеле да се вкрстуваат со нашите предци.

„Јас сум сосема уверен дека тие се дел од Homo sapiens, исто како и неандерталците,“ вели Хокс.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: Денисовецдревен човек
Next Post

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk