ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче и Заев во Дубаи го режирале инцидентот во Советот на Кочани

June 20, 2025 09:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

– СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот во Советот на Општина Кочани, каде советник на СДС повреди општинска службеничка, не е случаен. Вчерашното насилство на советникот на Венко Филипче е дел од сценарио кое самиот Филипче го има направено пред месец дена во Дубаи на средба со Зоран Заев, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е периодот кога кажавме дека Филипче 6 дена беше тајно во Дубаи, каде очигледно со својот ментор, Заев скувале план како да дефокусираат и да го спасат Венко Филипче.

СДС и Венко Филипче не знаат како да се справуваат со ситуациите, па затоа секогаш кога се во тесно, прибегнуваат кој креирање инциденти и општ хаос.

Откако со лаги и манипулации се обидоа да злоупотребат трагедија за бедни политички поени, сега СДС и Венко Филипче сакаат да направат хаос во Кочани.

Но, тоа нема да им успее. Јавноста јасно гледа дека ова се последни обиди за спас на политичката кариера на Филипче и нема да наседнат на нивните провокации и сценарија, преку насилство и создавање хаос.

На насилството не му е местото во државните институции, посебно во институции како општински совет, каде што советниците се бирани на непосредни избори, директно од граѓаните.

Граѓаните заслужуваат достоинствено претставување од нивните избраници и нивна работа во интерес на општото добро, а не работење во служба на поединци од политиката, во случајов Филипче.

Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од советникот на Венко Филипче во Советот на Општина Кочани, кој не е во служба на граѓаните, туку во служба за реализација на сценариото за негов спас, стокмено во Дубаи.

А, од друга страна, Филипче може да крои планови и сценарија со Заев колку сака, спас му нема, затоа што граѓаните ќе го казнат на избори, а правосудните органи, за сите криминални афери, ќе мора да го процесуираат“, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашната седница на Советот на Општина Кочани се случи сериозен инцидент, при што беше избегната физичка пресметка меѓу членовите на Советот.

Тензичната атмосфера кулминираше по вербална расправија помеѓу советникот Аки Акиов и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков.

Во текот на инцидентот, со фрлено шише во глава била погодена правничката на општината, Ана Кралева. На местото интервенирала екипа на Министерството за внатрешни работи, а сите инволвирани лица биле повикани во полициска станица за да дадат изјави.

СДСМ го осуди насилството во Советот на Кочани, велат било сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилството што се случи на седницата на Советот на општина Кочани.

Ги осудуваме и провидните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, кои со провокации и намерно поттикнување тензии се обидуваат да создадат конфликти и нестабилност во Кочани.

Учесници во инцидентот се советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Ромската партија, а повредена е вработена во општинската администрација – што дополнително ја отсликува сериозноста на овој инцидент.

СДСМ целосно се оградува од постапките на советникот што го предизвика денешиот инцидент, потенцираме дека не станува збор за наш член туку коалициски партнер.

Факт е дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на општина Кочани. Сценариото на неколку седници наназад вклучуваше навреди на етничка, верска и лична основа, погрдни зборови упатени не само кон поединци, туку и кон целата ромска заедница.

Советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ беше најгласен во навредите и погрдните зборови и тоа го знаат сите советници.

Иако провокациите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа очигледни, недозволиво е каков било чин на насилство. Насилството не смее да има и мора да биде санкционирано.

Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да утврдат одговорност кај сите инволвирани.

На Кочани, на семејствата, на повредените, на починатите, никому ова не му е потребно освен на ВМРО-ДПМНЕ.

На Кочани му е потребна солидарност, стабилност и решенија, а не насилни сценарија инспирирани од политички калкулации на власта“, соопштија од СДСМ.

В.д. градоначалникот на Кочани, Крстевски, со осуда на инцидентот 

Во писмено соопштение што го испраќа до јавноста, вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски го осудува инцидентот што се случи на 65. седница на Советот на Општина Кочани. Во него се вели:

„Денес повторно видовме како се гази достоинството на јавното служење.

Во сала каде што треба да се носат одлуки за подобар живот на сите граѓани на Кочани, видовме навреди, турканици и насилство. А на дневен ред беа точки што значат напредок: меморандуми за меѓуопштинска соработка што ќе го засилат инспекцискиот надзор и ќе ни помогнат во борбата против корупцијата и криминалот; ребаланс на буџетот за реализација на проекти од интерес на жителите на општината.

Но некој повторно избра опструкција наместо соработка. Избра да создава хаос само за Советот да не функционира.

До кога ќе дозволуваме лични и партиски интереси да ја кочат иднината на Кочани?

Време е за граѓански притисок!

Ве повикувам сите кои верувате во чесна, одговорна и транспарентна работа на институциите – да се придружите, да застанеме заедно за она што е наше – иднината на Кочани!

Најостро го осудувам денешниот инцидент во Советот на Општина Кочани и јасно се гледа дека направив сѐ за да го спречам.

На повредената колешка ѝ посакувам брзо и целосно закрепнување. Никој не смее да биде изложен на ваква ситуација на своето работно место.“, се наведува во соопштението.

Ј. Ѓ.

 

Tags: инцидентСовет Кочани
Next Post
Фото: X

Израел во текот на ноќта нападна десетици воени објекти во Иран, вклучувајќи и центар за нуклеарни истражувања

НАЈНОВО

Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата донесе одлука за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пријатна атмосфера за време на средбата Трамп-Зеленски, овој пат Венс молчеше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk