ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Шокантни податоци за третманот на ЛГБТК+ заедницата од власта на Хамас во Газа

June 25, 2025 16:50
in ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот од видео на Hillel Fuld

Фото: Скриншот од видео на Hillel Fuld

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на годинешниот Скопје Прајд, одржан минатиот викенд, шести по ред во низата паради на гордоста, кој беше прилично поразличен од неговите претходни изданија, она што не можеше да не се забележи оваа година е отсуството на претставници на Американската амбасада и на  другите амбасади во земјава на парадата, , како и тоа  што знамињата на виножитото беа сведени на минимум и заменети со палестински знамиња и квази-левичарска иконографија.

Фото: мета.мк/Ванчо Џамбаски

И додека на Парада на гордоста ја даваат поддршката за Газа, со која раководи Хамас, не е лошо да се иинформираат каков третман во Газа имаат геј луѓето. Години наназад извештаите на групите за човекови права посочуваат на праксата на палестинската самоуправа во Газа и Хамас рутински да ги мачат активистите за човекови права, жените, ЛГБТК+ лицата, и политичките противници..

Скопје Прајд не е изолиран случај. Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, голем дел од организираната ЛГБТК+ заедница, која историски добиваше поддршка од еврејската заедница, застана на страна на пропалестинска антиизраелска активност. Евреите и поддржувачите на Израел беа изолирани од ЛГБТК+ заедницата иако, почнувајќи со движењето за граѓански права од 1950-тите и 1960-тите, тие беа длабоко вклучени во активизмот и им даваа поддршка на организациите што ги унапредуваат правата на ЛГБТК+ луѓето, жените, расната еднаквост и репродуктивната слобода.

Според извештајот на UN Watch, од 2022 година, ЛГБТК лицата кои живеат под контрола на Палестинската самоуправа и Хамас страдаат од „тежок прогон и тортура“.

Фото: Скриншот од видео на i24

Геј Палестинците кои успеале да избегаат раскажуваат за ужасни тортури од страна на силите на Палестинската самоуправа и Хамас, вклучувајќи често успешни обиди да ги принудат да информираат за другите, присилни бракови и закани со смрт.

„Ме уапсија, ме обесија од таванот, ме тепаа и ме испрашуваа пет дена“, рече геј Палестинец од Газа кој сега живее во егзил во Турција.

„Сите се плашат од секого. Некои се казнети, некои се убиени. Други се самоубиле“, рече друг геј маж од Газа.

Голем број геј палестински мажи го ризикуваат својот живот за да ја преминат границата во Израел, тврдејќи дека се чувствуваат побезбедно меѓу Израелците отколку меѓу сопствениот народ.

Според некои проценки од 2003 година, во Израел тајно живеат и работат 300 геј палестински мажи.

Нивната подготвеност да живеат таму – и покрај ризикот да бидат притворени и депортирани како безбедносна закана – се должи на палестинските ставови кон геј мажите, тврдат тие.

Многу палестински геј лица велат дека сепак би сакале да живеат во домашен притвор во Израел, каде што хомосексуалноста не се смета за кривично дело, отколку дома. Геј лицата се плашат од милитантна одмазда ако се вратат.

Еден 22-годишен геј маж кој избегал од Газа во Израел пред четири години, изјавил за програмата Outlook на BBC World Service дека речиси бил убиен кога неговото семејство дознало за неговата сексуална ориентација.

22-годишникот кој избегал од својот дом во Газа тврди дека оние што остануваат на окупираните територии често се принудени да работат за палестинската полиција.

Тој рече дека самиот бил запрен од полицијата во Газа, која му се заканила дека ќе го разоткрие како хомосексуалец. Тврди дека полицијата му рекла да спие со друг маж за да добие штетни информации за него. Откако одбил, палестинската полиција го мачела.

Новооткриените документи од февруари 2025 година, покажуваат дека Хамас мачел и егзекутирал членови во своите редови за наводна вмешаност во истополови врски, според системот за „проверка на моралот“ што го користи милитантната група, поддржана од Иран, за да ги идентификува регрутите кои не ги исполнуваат нејзините строги идеолошки стандарди.

На крајот, ако може да им порачам на организаторите: Поддржувајќи – свесно или несвесно – агенда на малициозна пропаганда од одредени центри на моќ, ризикувате да ја изгубите поддршката која ја барате за себе и за оние што велите дека ги застапувате, пишува Драган Мишев во анализата „Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница“.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ:

Next Post

Кратка средба на Сиљановска-Давкова со американскиот претседател Трамп во Хаг: Остануваме посветени на сојузништвото со САД

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk