ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Иран призна голема штета на нуклеарните постројки

June 27, 2025 18:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи призна дека иранските нуклеарни постројки претрпеле „значајна и сериозна“ штета во неодамнешните американски и израелски напади.

Арагчи за државната телевизија изјави дека Иранската организација за атомска енергија во моментов го проценува обемот на уништувањето.

Само неколку часа претходно, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи порача дека нападите не ја попречиле иранската нуклеарна програма. Со тоа одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека со бомбардирањето се „целосно уништени“ три нуклеарни објекти. Хамнеи тврди дека нападите не „постигнале ништо значајно“.

Хамнеи го обвини Трамп дека ги „преувеличил“ ефектите од бомбардирањето и прогласи победа над САД и Израел. Сепак, изјавите на Арагчи даваат поинаква слика.

Министерот исто така рече дека Иран во моментов не планира продолжување на преговорите со САД. Шестата рунда преговори беше договорена, но беше откажана откако Израел почна со нападите. „Сакам јасно да кажам дека не е постигнат никаков договор, не е договорено никакво решение ниту е воден никаков разговор за започнување нови преговори“, рече тој.

Арагчи додаде дека владата разгледува што е во „најдобар интерес на иранскиот народ“ и најави дека нејзиниот дипломатски пристап ќе биде „преобликуван“. Не прецизираше на што точно мисли.

За да го врати Иран на преговарачката маса, Трамп наводно разгледува можност да му овозможи пристап до 30 милијарди долари за развој на цивилна нуклеарна програма, потоа делумно да ги укине санкциите и да ослободи милијарди долари ирански средства кои во моментов се блокирани, јави Си-Ен-Ен.

Иранскиот парламент во средата изгласа закон со кој се прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Доколку законот стапи во сила, инспекторите повеќе нема да имаат пристап до иранските нуклеарни постројки. Израел порача дека почнал офанзива врз Иран за да спречи наводни планови за развој на нуклеарно оружје. Иран, од друга страна, упорно тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за цивилни цели.

САД директно се вклучија во конфликтот минатиот викенд, со напади на постројките во Фордо, Натанц и Исфахан, по што Трамп се обиде да посредува во постигнување примирје меѓу Израел и Иран. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека разузнавачките податоци на САД и Израел покажале дека нападите „сериозно ја оштетиле иранската нуклеарна програма и ја уназадиле за неколку години“.

Но, според прелиминарната проценка на Пентагон која протече во јавноста, штетата сепак не е толку голема – според таа анализа, програмата е уназадена само за неколку месеци. Администрацијата веднаш ја отфрли таа проценка.

Првите разузнавачки податоци што ги добија европските влади укажуваат на тоа дека иранските залихи на високо збогатен ураниум во голема мера останале недопрени по американските напади на главните нуклеарни постројки, изјавија вчера двајца функционери.

Според тие информации, залихата од 408 килограми ураниум збогатен речиси до ниво потребно за изработка на нуклеарно оружје не се наоѓала во Фордо, една од двете клучни ирански постројки за збогатување, во моментот на минатонеделниот напад. Материјалот, како што се наведува, претходно бил распореден на повеќе локации.

Истите извори наведуваат дека европските влади сè уште чекаат детален разузнавачки извештај за вистинскиот обем на штетата во Фордо, постројката која е изградена длабоко под планина во близина на светиот град Ком. Според една рана проценка, штетата е „обемна, но не и целосна – структурата не е уништена“.

Иранските власти порачаа дека залихите на ураниум биле преместени пред американското бомбардирање, кое следеше по повеќедневните израелски напади на цели во Иран.

Tags: Ираннуклеарни објектиСАД
Next Post
Украина, 6 јуни 2025 (извор: ДСНС Украина)

Кијив тврди: Русија употребиле хемиско оружје 888 пати само во мај оваа година

Shortcut

Најново

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

June 7, 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

June 7, 2026
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

June 7, 2026

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk