ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Пандемијата го одложи изборот на претседателски кандидат кај американските демократи

Фаворитот за освoјување на претседателската номинација кај демократите е поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден.

April 3, 2020 08:36
in ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Демократската партија на САД заради пандемијата од коронавирусот за август ја одложи партиската конвенција на која формално се избира нивниот претседателски кандидат за изборите во ноември.

Конвенцијата првично беше закажана за 16 и 17 јули во Милвоки, во сојузната држава Висконсин, а сега е презакажана за 17 август.

-Во моменти на клима на неизвесност, веруваме дека најпаметниот пристап е да се издвои дополнително време за следење на ситуацијата, за да можеме најдобро да ја подготвиме партијата за безбедна и успешна кампања, изјави извршниот директор на Комитетот за конвенцијата на Демократската партија, Џо Солмоназе.

Фаворитот за освoјување на претседателската номинација кај демократите, поранешниот американски потпретседател, Џозеф Бајден, претходно кажа дека би било тешко да се замисли дека конвенцијата ќе се оддржи кон средината на јули како што првично било планирано, потсетува Гласот на Америка.

Изборната трка за претседателски кандидат кај демократите сѐ уште не е завршена, а главниот ривал на Бајден е сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Заради коорна вирусот одложени се внатрепартиските избори во повеќе од 10 сојузни држави, додека Бајден по гласањата во повеќе сојузни држави има најголем број делегати зад себе, кои на партиската конвенција и формално го избираат претседателскиот кандидат.

Претседателски кандидат на Републиканската партија повторно ќе биде претседателот Доналд Трамп.

Партиската конвенција на републиканците, на која ќе треба само форлмано да се потврди номинацијата на Трамп, ќе се оддржи од 24 до 27 август во Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина.

Next Post

Пировска: Жртвите немаат доверба во институциите, насилниците ретко ја добиваат санкцијата што ја заслужуваат

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk