ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 2, 2025 10:56
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Кога немаат што да понудат – нè пребројуваат. Кога политичарите остануваат без идеи, без визија, без план – го вадат од џебот џокерот: попис. Не како статистичка операција, туку како етничка запалка. Во предизборно време, оваа тема повторно влегува во јавниот дискурс, и не за да добиеме подобри податоци, туку за да добиеме полоша атмосфера.

Додека цените на основните прехранбени производи вртоглаво растат, а сиромаштијата станува секојдневие, политичарите дебатираат за – попис. И тоа не кој било, туку електронски. Виртуелен, дигитален, модерно пакуван, но со стари, провидни намери.

Македонија, држава каде што веќе станува луксуз да се купи леб, млеко и паштета, сега сака да ги преброи своите граѓани. Не за да им помогне, туку за да ги запише во некоја електронска база. Додека народот брои денови до следната плата – државата брои етнички квоти.

Онлајн можеме да ги видиме цените. Секој ден – нови шокови: домати, пиперки, лубеница како луксузен производ, сирењето со цени како швајцарска плата. Но, онлајн ќе биде и пописот – дигитална играчка во рацете на политички елити кои повторно ни нудат замена за реална политика.

Најавата за електронски попис во Македонија изгледа технички напредна, но суштински е политички мотивирана. Особено кога се знае дека Уставниот суд неодамна ги укина категориите „резиденти“ и „нерезиденти“, отворајќи простор за нови етнички пресметки и бројки што никогаш не биле само бројки, туку алатка за поделба, за конфликти, за уцени. Ние остануваме заложници на државата што нема план како да нè нахрани, ама има алгоритам како да нè изброи.

Политичките елити не се заинтересирани за пописот како инструмент за планирање – тие се заинтересирани за пописот како инструмент за манипулација. Колку Македонци, колку Албанци, колку Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи… но никој не прашува: колку луѓе заминале од државата? Колку деца се иселиле и ако имавме сериозна држава ќе имавме аларм дека за вториот упис има над 16.000 празни места во средните училишта.

Наместо попис на реалноста, добиваме попис на илузии. Во држава во која сиромаштијата расте, здравството тоне, младите заминуваат, пописот стана политичка забава за маси, од која профитираат само политичките партии. Иако никој не сака да признае, сепак пописот е само уште една форма на кампања – маскирана како „државна обврска“.

И не е страшно што сме гладни – страшно е што тие мислат дека ние тоа нема да го забележиме. Ни фрлаат теми како попис, како фрлање коска пред осиромашени гладијатори. А ние треба да се степаме по етнички линии, додека политичките профитери живеат во „нерезидентски“ луксуз.

Во нашата земја, електронски ќе се обидат да нè попишуваат, но во реалноста (ќе) нè брише гладот.

Изборите се ближат. И кога нема визија, се нуди поделба. Кога нема развој, се нуди конфликт. И кога нема идеи – се нуди попис.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Уставните измени, клучната врата за интеграција на Македонија во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Еминем со тужба против австралиски бренд поради името „Swim Shady“

November 18, 2025

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

November 18, 2025

Платформата X падна – илјадници корисници пријавуваат прекин во работата

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk