ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерот Лимани врачи 17 нови договори за грантови во рамки на третиот повик за развој на социјални услуги на локално ниво

July 3, 2025 14:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Фото: ФБ профил на Лимани

Фото: ФБ профил на Лимани

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска официјално врачи седумнаесет нови договори за грантови за развој на социјални услуги, во рамки на Третиот јавен повик, дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, соопшти Министерството.

Министерот во обраќањето до присутните се осврнал на заложбите на Министерството – да се одговори реално и ефективно на потребите на граѓаните, во нивното место на живеење.

Во рамки на Третиот повик, Министерството веќе потпиша договори со девет (9) општини, а денешниот настан го означи продолжувањето на процесот со уште седумнаесет (17) нови социјални услуги во различни заедници низ земјата.

Од Министерстото појаснуваат дека станува збор за воспоставување нови видови на услуги, како што се: помош и нега во домот за стари и немоќни лица, дневни центри за стари лица со фокус на активно и достоинствено стареење, дневни центри за лица со попреченост, со индивидуализиран пристап и поддршка.

-Со овие нови активности, се продолжува континуитетот на реформата што започна со првите два повици, во рамки на кои беа поддржани 34 проекти во 43 општини, со над 460 ангажирани негуватели и над 1.600 корисници кои веќе ги користат овие услуги. Партнерството меѓу Министерството, Општините и Давателите на услуги не го гледаме како техничка или административна соработка, туку како темел на целиот систем за социјална заштита. Вие сте претставниците на промената на терен. Вие го претворате концептот на „услуга“ во конкретна помош, реално присуство и искрена грижа, истакнал Лимани.

Тој посочил дека секоја општина, секоја организација и секој професионалец во овој процес има незаменлива улога.

-Целта е суштинска трансформација: од форма кон содржина, од процедура кон решение, кон вистинска промена во животот на луѓето. Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе продолжи да биде активен, отворен и посветен партнер. Ќе го изградиме овој систем со луѓето и за луѓето – со одговорност, одржливост и хуманост, порачал Лимани.

Тој се заблагодарил за довербата, за посветеноста и за работата на општините и давателите на услуги, сето тоа  за доброто на нашите граѓани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрантовиЛиманисоцијални услуги
Next Post
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

НАСА откри меѓуѕвезденa комета што се движи низ Сончевиот систем

НАЈНОВО

Потрошувачката кошница во Црна Гора достигна 2.080 евра

October 3, 2025

(ВИДЕО) Филипче се пошегува со „молк од штурци” за „успесите“ на власта

October 3, 2025
Фото: ВИ

Трамп најави кратења во „демократските агенции“ на вториот ден од владината блокада

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk