ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис за „Билд“: Грција не е отворен коридор кон Европа

July 11, 2025 10:04
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата порака е јасна: Грција не е отворен коридор кон Европа. Подготвени сме тесно да соработуваме со либиските власти за да ги спречиме поаѓањата од местото од каде што тргнуваат. Но, исто така, потребен ни е и унифициран европски одговор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во изјава за германскиот весник „Билд“, јави дописничката на МИА од Атина.

За амандманот на Владата со построги мерки за мигрантите и суспензија на разгледувањето на барањата за азил за оние кои нелегално пристигнуваат од северна Африка, Мицотакис објасни дека поради зголемувањето на мигрантските бранови од Либија до Крит, ја донеле оваа „тешка, но апсолутно неопходна одлука“.

– Оваа одлука испраќа јасна порака до мрежите на криумчарите и не остава простор за погрешно толкување: Грција не е отворена транзитна рута. Патувањето е опасно, исходот неизвесен, а парите што им се исплаќаат на криумчарите на крајот се залудни. Нелегалните влезови нема да доведат до законски престој, посочи Мицотакис.

Додаде дека Грција останува посветена на „фер и ефикасна миграциска политика, вклучувајќи ги и законските патишта на миграција“, но и дека сегашната ситуација „бара итна акција“.

– И ова не е само одговорност на Грција, туку е и одговорност на Европа, порача Мицотакис.

Во грчкиот Парламент, се очекува денеска да биде ставен на гласање амандманот доставен од Министерството за миграција и азил на Грција и предвидува суспендирање на поднесувањето барања за азил од лица кои нелегално влегле во Грција со пловно средства што доаѓа од северна Африка и овие лица ќе бидат вратени, без регистрација, во земјата од која дошле или во нивната земја на потекло.

На гласањето му претходеше дискусија во текот на вчерашниот ден, опозициските партии изразија незадоволство и несогласување, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис посочи дека „постои потенцијална закана“ за Грција и затоа се потребни итни мерки.

Додаде дека според нив, „границите треба да бидат контролирани, но контролирани, со легални мигрантски рути, а не со нелегални рути кои создаваат огромни проблеми“.

Портпаролот на ЕК за внатрешни работи, демократија, правда и владеење на правото Маркус Ламерт, како што вчера објави МИА, коментираше дека мерките на Грција за азилантите мора да се во согласност со законодавството на ЕУ.

Tags: ГрцијаМицотакис
Next Post

Нетанјаху: Можно е договор за ослободување на заложници да се постигне за неколку дена

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk