ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Николовски: Ако студентските домови станат карантини, студентите ќе бидат повикани сами да си ги земат личните работи

Николовски исто така апелираше, студентите во време на пандемија, доаѓањето во домот да го бираат како последно можно решение.

April 3, 2020 17:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Личните работи на студентите коишто се оставени во студентските домови се безбедни. Ве советувам за сите информации поврзани со студентските домови, да се информирате од официјални извори бидејќи тие се единствени релевантни да одговорат на сите ваши прашања, изјави директорот на Државниот студентски центар „Скопје“, Дарио Николовски, откако кај дел од студентите се појави страв дека ако домовите станат карантини, нивните личните работи ќе останат во домовите.

„Нема да има селење без присуство на студентите.  Апелирам да не се шири паника во однос на ова прашање. И да треба да бидат ослободени собите за карантин, студентите ќе бидат информирани навреме  и согласно сите процедури прво ќе се остави простор комплетно да се иселат и да си ги земат личните работи. Ќе се направи и записник по напуштање на собата и што е во неа е променето од преземањето до напуштањето, па дури тогаш ќе се пристапи кон други активности. Студентите можат да бидат спокојни. “,  вели Николовски.

Дарио Николовски – директор на ДСЦ Скопје

Николовски исто така апелираше, студентите во време на пандемија, доаѓањето во домот да го бираат како последно можно решение.

Информацијата дека е можно студентските домови да бидат привремено пренаменети во карантини,  беше објавена по одлука на седница на Влада, донесена на 30 март.

Според одлуката, студентските домови би се користеле како сместувачки капацитети, односно карантин за лицата што се во изолација, но само доколку се јави потреба за тоа.

Владата исто така донесе одлука, студентите кои ги користат капацитетите на студентските домови да бидат ослободени од партиципација за периодот на вонредна состојба, а надоместокот кој го исплаќа Министерството за образование и наука, за секој студент и кој изнесува 50 отсто од сумата за сместување се продолжува од 10 на 12 месеци.

Next Post

На прашањето од Фронтлајн, дали Чулев ќе оди во самоизолација, министерот Филипче одговори дека за сите важи истиот протокол

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk