ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Убиства имало и ќе има – оставки немало и ќе нема

July 14, 2025 16:34
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Во изминатите неколку дена во Македонија се случија бран убиства, тепачки, обиди за убиства, фрлени бомби… Граѓаните се потресени и јавноста со право прашува: Дали сме безбедни? Дали државата функционира? И каде се одговорноста и оставките?

Одговори – нема. Оставки – уште помалку. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, чиј ресор е токму јавната безбедност, сè уште не понуди никаква морална или политичка одговорност. Нема конкретен план за справување со растечката несигурност и небезбедност на улиците. Се чини како да е прифатена една тивка и страшна реалност што би рекол Тошковски дека „убиства имало и ќе има“, но оставки нема да има. И не само од актуелниот министер, морални оставки немало ниту во минатото од претходните влади.

Колку чини еден човечки живот во оваа земја? Очигледно, доволно малку за државата да не се потресе ни кога ќе биде брутално одземен.

  • Сред бел ден е застрелан офицер на АРМ. Реакцијата од армијата беше дека е убиен додека користел слободен ден и толку. Да бевме сериозна држава сите надлежни институции ќе беа веќе на нозе, ќе го приведеа убиецот, откако не успеале да го спречат убиството. Ние денес читаме по медиумите дека убиството се случи поради невозвратена љубов, односно дека ќерката на убиениот не сакала да се мажи со убиецот. Ако е навистина таа причината тогаш е уште пострашно. Системот не успеа да ја заштити од насилникот, а за жал ниту нејзиниот родител.
  • Во Прилеп се случи двојно убиство од кое едно дете од 11 години и самоубиство. Убиецот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот малолетен син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил. Убиства и самоубиство за парче земја и цигли?! Но, прашањето е дали оружјето со кое го изврши убиството беше легално или нелегално. Од каде му е бомбата што ја фрли врз полицијата?
  • Во Битола била фрлена бомба во двор на полициски службеник, од која се оштетени повеќе возила…

Институциите реагираат кога е веќе доцна. Полицијата чека да се случи злосторство, па потоа да го истражува. Превенцијата е мисловна именка, а чувството на безбедност е луксуз кој си го дозволуваат само оние што живеат зад високи огради и со придружба од телохранители или полициска заштита 24/7.

Граѓаните, пак, живеат во страв – страв од случаен напад, заталкан куршум од некоја свадбена прослава, од задоцнета интервенција, од тоа дека утре тие самите или некој нивен близок може да станат дел од статистиката, во соопштение на МВР или во рубриката Црна хроника во медиумите.

На граѓаните им останува само гневот. Гнев кој нема каде да се канализира, бидејќи државниот апарат е глув, слеп и бесчувствителен на реалноста.

Министерот Тошковски можеби ќе каже дека полицијата работи, дека истрагите се во тек, дека сторителите се познати на полицијата и дека (ќе) се пронајдени. Но тоа не го менува фактот дека никој не спречува, никој не предупредува, никој не презема одговорност. А тоа е суштината на јавната функција – не само да се реагира, туку и превентивно да се делува пред да биде предоцна.

Затоа, ова не е само вест и статистика за неколку убиства. Ова е болната вистина дека држава не успева да ги заштити своите граѓани. Власт што не признава вина. За систем што се одрекол од (морална) одговорност.

А додека молкот од политичкиот врв продолжува, граѓаните ќе продолжат да се прашуваат: „Кој ќе биде следен?“ И зошто во нашата земја, животот е евтин, а оставките – недостижни.

П.С. И да, не зборам за интерпелација на министерот, видовме дека ги преживува во Собрание, зборам за морална одговорност.

 Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk