ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет

July 30, 2025 11:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кредитната агенција „Стандард и пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтин на земјата ББ- со стабилен изглед, што воедно е потврда и за политиките на Владата, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носење на нивните одлуки за инвестирање, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Во извештајот Кредитната агенција посочува дека растот на економијата се забрзува и останува приоритет на Владата.

Во извештајот се наведува дека растот на економијата во оваа година се очекува да биде поддржан главно од потрошувачката на домаќинствата, движен од растот на платите и пензиите, како и од зголемена инвестициска активност, особено во инфраструктурата. При тоа Агенцијата  упатува на ризици поради неизвесноста во европската економија како главен трговски партнер на земјата.  До 2028 година, Агенцијата проектира дека растот ќе се стабилизира на околу 3%, поддржан од постепено закрепнување на надворешната побарувачка и засилување на инвестициите.

Владата, како што стои во извештајот,  продолжува со напорите за спроведување институционални реформи, борба против корупцијата и  владеење на правото, коишто се и клучни предуслови за интеграција во ЕУ. „Стандард и пурс“ истакнува дека економскиот раст за Владата останува главен приоритет, со цел за остварување раст до 5% на среден рок, поттикнат од реализација на амбициозни инфраструктурни проекти како што се Коридорот 8 и 10д и зголемени инвестиции во приватниот сектор. Потоа  поефикасна наплата на даноци, како и понатамошно зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор за поддршка на домашната побарувачка. Посочува дека јавната потрошувачка останува експанзивна и упатува на спроведување фискална консолидација, при што потенцира дека со усвоениот ребаланс е потврдена целта за буџетски дефицит во 2025  на 4% од БДП.Според Агенцијата со Фискалната стратегија е утврдена постепена фискална консолидација, но Агенцијата очекува одредени ризици со остварување на проекциите.  Приходите од почетокот на годината до мај бележат раст од 9% на годишно ниво, водени од поголема наплата на данокот на личен доход, зголемени приходи од акцизи, како и раст на неданочните приходи. На страната на расходите, потрошувачката во истиот период бележи раст за 5%, како  резултат на растот на платите во јавниот сектор, тековните расходи и социјалните трансфери. Во однос на долгот посочуваат дека и покрај затегнатите глобални финансиски услови, сервисирањето на долгот останува релативно контролирано.

Според „Стандард и пурс“, Владата и понатаму е посветена на евроинтеграцијата, процес којшто Агенцијата го истакнува како важен столб за напредок во структурните реформи на среден рок.

Кредитниот рејтинг на земјата „Стандард и пурс“ го оценува два пати во годината.

Next Post

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ донесе катастрофа, Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk