ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен

August 5, 2025 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува дека ќе биде одобрен проект со кој ќе бидат обезбедени средства за набавка на инструменти за Сеизмолошката опсерваторија, а потоа и да се реши проблемот со кој се соочува оваа институција –  затворање на 13 сеизмолошки станици низ државата.

Со завршување на тригодишната меѓународна иницијатива за следење на движењето на Јадранската микроплоча – AdriaArray, на почетокот на 2026-та државава ќе остане без мрежата од 13 сеизмолошки станици со кои се следи сеизмичката активност односно просторно-временската застапеност на земјотресите.

Во рамки на тој проект на организацијата ORFEUS (Observatories and Research Facilities for European Seismology), чија мисија е да ја промовира сеизмологијата во Европско-медитеранската област, од 2023 се инсталирани 13 привремени сеизмолошки станици преку кои континуирано се следи сеизмичката активност на територијата на државава и во пограничните региони, како и сеизмичноста на целата планета.

-Ова прашање е актуелно и е многу значјано бидејќи ние сме трусно подрачје. Германската влада ќе си ги повлече инструментите затоа што завршува проектот, рече Јаневска откако Опсерваторијата при Природно-математикиот факултет алармираше дека се во драматична состојба поради немање опрема и кадар.

Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција посветена на резултатите од државната матура, министерката кажа дека неколку пати се сретнала со директорката на Сеизмолошката опсерваторија и разговарале  за проблемот и за тоа како може да помогне МОН.

-Односно да се обезбедиме, тоа не е помош, тоа е сигурност на сите граѓани на оваа земја. Јас сум многу среќна што кога ги разгледував апликациите на научно-истражувачките проекти, видов дека Сеизмолошката опсерваторија конкурирала на овој конкурс и, според информациите кои ги добивам од комисијата, многу се големи изгледите тие и да го добијат овој проект, со што ќе се обезбедат дел од средствата за да се набават одреден број инструменти. Ако тоа биде така, не можам да прејудицирам, но се надевам дека ќе биде така, малку од малку нешто ќе покриеме, а потоа продолжуваме да го решаваме проблемот за кој сметам дека ургентен и многу занчаен, истакна Јаневска.

Тринаесетте станици во моментов ја сочинуваат телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, а сеизмички мониторинг има и на езерото Козјак – на браните Козјак и Св. Петка и на локација во село Белица на долниот дел од езерото и браната Кнежево.

ORFEUS во март ќе ја напушти Македонија за да го продолжи проектот во други земји, со што Опсерваторијата се соочува со ризик од затворање на сите 13 станици затоа што ќе останат со застарени и, практично, нефункционални инструменти.

На Опсерваторијатаѝ требаат нови лиценцирани софтвери, нова компјутерска опрема и сеизмометри, т.е. минимум десет сеизмолошки станици  за следење на подземните активности во реално време.

Раководителката на Опсерваторијата, проф. д-р Катерина Дрогрешка, неодамна за МИА изјави дека таквата состојба ќе доведе до загрозување на сеизмолошката служба на Опсерваторијата, односно законски пропишаното следење на сеизмолошка активност.

– Од наредната година остануваме без ниту една сеизмолошка станица и соодветна опрема за следење на сеизмичката активност, што за сеизмички активна територија како нашава, во која често се случуваат умерено силни до силни земјотреси, е навистина зголемен ризик за населението и инфраструктурата од силен земјотрес. Технологијата оди напред, светот оди напред, ние се трудиме да ги следиме, но доаѓаме во ситуација кога не можеме. Сега, дефинитивно, ни треба помош. Неследењето на сеизмичка активност може да предизвика неубава состојба во државава во однос на градбите и ризиците по безбедноста на граѓаните, изјави  раководителката на Опсерваторијата во интервју за МИА. 

Next Post

Сиљановска - Давкова: Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Петрит Сарачини

    Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја корисниците од неколку улици во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарчанец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk