ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Фестивалот „Преку езерото“ во Дојран отворен со врачување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Лазар Ристовски

August 10, 2025 12:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во амфитеатарот во Дојран синоќа свечено беше отворен четвртиот Фестивал на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ и на српскиот актер Лазар Ристовски му беше врачена наградата „Мето Јовановски“ за високо достигнување во уметноста на филмот.

Како што информира организаторот на фестивалот, во преполниот амфитеатар беше прикажан филмот „Кога летото ќе заврши“ на Данис Тановиќ, како и  дебитантскиот филм „Боја на темнината“ на Кристијан Костадиновски – краток филм поддржан од работилницата за развој и продукција на дипломски и дебитантскиот краток филм „Нови бранови“. По проекцијата беа прикажани филмовите од кусометражната селекција: „Растојанието помежу нас“ на Лео Фонтен од Франција, „Бланш“ на Јоана Ракотариса од Франција и „Затемнување“ на Ахмед Елзогби од Египет.

-Среќен сум што сум овде вечерва, Срцето ми е полно. Ја чуствувам вашата љубов вечерва и верувајте дека искрено и на ист начин ви се заблагодарувам на дочекот на големиот аплауз и на искреноста. Драго ми е што ја добив оваа награда која го носи името на големиот актер Мето Јовановски и благодарам што вечерва и тој е со нас на еден симболичен начин. Сметам дека ваквите фестивали се мошне важни. И јас сум основач на еден ваков фестивал во моето родно место и знам колку е важен за средината и за луѓето кои живеат таму и кои доаѓаат таму. Дојран е туристичко место каде доаѓаат луѓе од сите страни и за нив многу значи. Фестивалите се можност за луѓето кои вообичаено не одат во кино, да дојдат и тука да ги видат филмовите, рече Ристовски кој се заблагодари за доделената награда и посака и следните години да доаѓа во Дојран на „Преку езерото“ како гостин и гледач.

Наградата на лауреатот му ја врачи градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, кој истакна дека му е голема чест и задоволство што токму Дојран е домаќин на фестивалот „Преку езерото“, а за лауреатот говореше директорот на фестивалот, Јани Бојаџи.

Како што рече Бојаџи, за него и неговата  генерација Лазар Ристовски „беше еден од оние соништа во кои на крајот од сонувањето не разликувавме што е сон а што вистина? Што е минато а што иднина“.

-И што е, извинете на репликата, „позаебано од двете“? Припаѓам на онаа генерација на вљубеници во филмот во Југославија кои од актерот Лазар Ристовски сме се учеле за тоа што е филм, што е актерство и уште повеќе што е високо актерско достигнување. Се учевме и паметевме, треперејќи над секоја негова пауза, над секоја тишина, над секој кажан и некажан збор со сила на времето што одминало. Но, за среќа, и со силата на времето кое допрва доаѓа. Лазар Ристовски ја има таа ретка моќ со јазикот на актерството денеска да збори како да е вчера, за настани што можеби ќе се случат утре. А некои од неговите актерски достигнувања можат да се наречат и пророчки, истакна Бојаџи за актерот Ристовски кој  има одиграно повеќе од осумдесет улоги на филм и телевизија.

Додаде дека  Лазар Ристовски „во сите свои карактери играше со јазикот на љубовта, играше на јазикот на среќата, играше на јазикот на тагата, играше на јазикот на надежта, за сите разбирлив како универзален јазик на уметноста на филмот“.

Како што соопштува организаторот на фестивалот, претседателката на Советот на фестивалот, Мими Ѓоргоска-Илиевска, во своето поздравно обраќање истакна дека филмските фестивали од одредена точка на гледање „претставуваат добро осмислена културна акција, која може да ефектуира посакувани резултати, најмногу на среднорочен или долгорочен план“ и дека тоа е „главна определба на Фестивалот „Преку езерото“.

-Овие четири години создаваме фестивал  со единствена цел да биде привлечен за публиката во кој преовладува моќта на меѓусебната доверба на сите чинители вклучени во неговата реализација. Нашата поставена цел е преку Фестивалот „Преку езерото“  да креираме најповолна можна слика за Македонија и таа перцепција да се одомаќини, да создаде емоција и да ги зближи и вмрежи балканските и медитеранските кинематографии … Сонувајте со нас и со приказните раскажани од автори и продукции од Хрватска, Италија, Србија, Франција, Грција, Египет, Палестина, Турција, Словенија и Македонија, но и копродукции од Бугарија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, истакна Ѓоргоска Илиевска.

Фото: Фестивал на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ 

Tags: ДојранПреку езерото
Next Post
Фото генерирано со ВИ

(ВИДЕО) „Wow!“ сигналот – најголемата космичка мистерија во потрагата по вонземска интелигенција

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk