ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Крива Паланка одржана 15-та Меѓународна поетска манифестација „Лирски треперења”

August 18, 2025 10:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

На летната сцена во градскиот парк во Крива Паланка синоќа се одржа традиционалната Меѓународна поетска манифестација „Лирски треперења” во организација на Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

Триесет и девет поети и поетеси од земјава и соседството од различни генерации читаа стихови под отворено небо пред бројната публика.

– Оваа година манифестацијата бележи 15 години постоење, а ќе биде запаметена по рекордниот број учесници, што е вистински показател за тоа дека литературата и значењето на поетскиот израз се повеќе го заземаат своето место на културната сцена. Значајно место им беше отстапено пред сѐ на нашите локални, млади и надежни автори, подмладокот на литературниот клуб „Калин” што работи во рамките на нашата институција, на искусните и докажани членови, како и на гостите од Врање, Република Србија и од Ќустендил, Бугарија, но и учесниците од повеќе македонски градови: Кочани, Штип, Куманово, Скопје, рече директорот на НУЦК Крива Паланка, Сашко Додевски.

На манифестацијата настапија членови на Здружението на слободни уметнички души „Ава Јустин”, Врање, Сојуз на книжевници во туѓина и расејување, Нови Сад- огранок Врање, Читалиште „Братство 1869″, Ќустендил, Литературен клуб „Искра”, Штип, Литературен клуб „Копнеж”, Кочани, литературен клуб „Калин”, НУЦК, Крива Паланка и повеќе слободни поети од други македонски градови.

Настанот беше надополнет со музичка изведба на млади музички таленти од градот под менторство на професорката Лариса Жулина Митовски.

Манифестацијата е дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2025″ во организација на Општина Крива Паланка, во соработка со институциите од областа на културата.

Tags: Лирски треперења
Next Post

Петмина загинати и над 20 повредени во руски воздушен напад врз Харкив

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk