ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Предизборна и изборна кампања – што е што во изборен контекст

August 18, 2025 13:06
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори во октомври, политичките партии веќе ги најавија своите кандидати за градоначалници, а учеството во изборната трка го најавија и повеќе независни кандидати. Сите познати кандидати за градоначалнци веќе почнаа со самопромоција и најава за промените кои ќе ги донесат во општините за кои се кандидираат.

Но, дали ова е исправно или не? Во јавноста како и сегаш пред избори се отвора прашањето за предизборните кампањи и нивниот легитимитет и што по закон е изборна кампања.

Предизборна кампања: Активности на политички партии, коалиции, независни кандидати и нивни поддржувачи пред официјалниот почеток на изборната кампања, со цел да ја тестираат поддршката, да изградат препознатливост и да создадат почетна база на гласачи.

Примери:

  • Посети на терен и неформални средби со граѓани.
  • Поставување билборди со „генерални пораки“ (не директно поврзани со изборите).
  • Јавни настапи и медиумски изјави за идни планови.
  • Промоција на активности на социјални мрежи без експлицитно барање поддршка на избори.

Може да се нарече и „прикриена кампања“, бидејќи формално не е дозволено активно барање гласови пред официјалниот рок.

Изборна кампања: Официјалниот период утврден со Изборниот законик  кога кандидатите и партиите отворено бараат поддршка од граѓаните. Според изборниот законик изборната кампања трае 20 дена пред денот на изборите и не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.(Член 69-а)

Примери:

  • Организирани митинзи и собири.
  • Телевизиски, радио и онлајн политички реклами.
  • Печатење и делење на постери, брошури и летоци.
  • Јавни дебати меѓу кандидатите.
  • Платени објави и спотови на социјални мрежи.

Во Изборниот законик (член 69-а) се вели дека:

Од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања за активностите за изборна кампања учесникот не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања.
Од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања, учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми.

Под изборна кампања според истиот член се подразбира јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Како да го контактирате ЦИВИЛ?

📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk

Вашиот глас има моќ. Искористете ја!

Извор: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МО 

Сиљановска-Давкова: Блокадата на евроинтеграциите добива карактер на сериозен безбедносен ризик за Западен Балкан и ЕУ

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk