ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

August 19, 2025 12:26
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека првата фаза на „обоената револуција“ во Србија е завршена, со цел да се предизвика омраза и длабока поделба во јавноста, и дека сега е актуелна втората фаза – „терор и насилство“, како подготовка за трета фаза.

Брнабиќ пред новинарите во Домот на Народното собрание оцени дека втората фаза се однесува на уништување, кршење и палење на просториите на политичките партии на неистомислениците, пред сè на Српската напредна странка (СНС), чиј член е и таа, како и на палење на државни и локални институции – обвинителства, судови и градски општини.

– Ако некој помислил дека станува збор за насилство заради насилство – не, не е. Тоа е втората фаза – терор и насилство, за да се создаде слика на целосен хаос, губење на контролата и целосна дестабилизација на нашата земја, изјави таа, пренесува Бета.

Според претседателката на Парламентот, ова се прави за да се премине во „третата фаза на обоената револуција“, односно да се појават луѓе кои ќе „наметнат решение за наводно враќање на мирот и стабилноста“. Како пример, таа го спомна неформалниот документ на директорот на Форумот за етички односи, Душан Јањиќ, кој наводно бил испратен до меѓународната заедница за решавање на кризата во Србија. – По вчерашниот ден, сосема е јасно дека она што го гледаме девет месеци е школски пример за обид за обоена револуција и насилна смена на власта, оцени Брнабиќ. Според неа, се создава впечаток дека за враќање на мирот и стабилноста во земја во која е создаден хаос е потребна интервенција на странски фактор. – Туку се заокружува целата приказна, имате целосна окупација на земјата и одземање на секој суверенитет, смета Брнабиќ. Таа наведе дека во споменатиот документ се предлага решение кое подразбира ставање под целосна контрола и надзор на претседателот на Србија, Народното собрание, безбедносните и разузнавачките структури, Советот за национална безбедност и Државниот центар за податоци.„

Таа го отфрли овој документ, испраќајќи порака до, како што рече, „странците“, да не помислуваат да зборуваат за него или за сличен документ. – Во Белград и Србија нема да има нов Мајдан, ќе се бориме со сите демократски средства, преку нашите институции, Собранието и ќе пружаме отпор на секое место – не со терор и насилство, зашто тие би сакале да видат граѓански судири и војна. Ќе се бориме зачувувајќи ги нашите институции и нашата земја. Нашиот одговор е не, изјави Брнабиќ.

Tags: БрнабиќСрбија
Next Post
Фото: ЈП „Улици и патишта“ Скопје

Се чисти делот од коритото на Вардар кај Галиите

НАЈНОВО

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

November 18, 2025

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk