ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025 16:16
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачки список е официјална евиденција на сите граѓани со право на глас во една држава.

Неговата улога е да обезбеди транспарентност и точност во изборниот процес, да гарантира дека секој граѓанин ќе може да гласа само еднаш и да спречи изборни злоупотреби.

Во него се запишуваат податоци како:

  • име и презиме на гласачот,
  • датум на раѓање,
  • адреса на живеење,
  • избирачко место на кое треба да гласа.

Во Северна Македонија, Државната изборна комисија (ДИК) го води и ажурира Избирачкиот список, врз основа на податоци од Министерството за внатрешни работи и други институции. Избирачкиот список во Изборниот законик е дефиниран како јавна исправа што се води за целата територија на државата врз чија основа се спроведуваат изборите и референдумите на државно и локално ниво. Тој се води според Регистарот на државјаните, во вид на регистар на избирачи со автоматска обработка на податоците.

Секој граѓанин има право да провери дали е запишан во списокот и дали податоците му се точни.

Кај нас Избирачкиот список често е предмет на дебата и критики.

Најчести проблеми кои се провлекуваа низ годините:

  • Дупликати и „фантоми“
  • Запишани лица кои реално не живеат на дадената адреса или одамна се иселени во странство
  • Сомнежи за починати лица кои сè уште фигурираат во списокот.
  • Неточни податоци
  • Грешки во адреса, презиме или матичен број.
  • Граѓани кои пријавуваат дека се запишани на друго избирачко место, различно од реалното.
  • Немање ажурирање во реално време
  • Податоците се ажурираат бавно, бидејќи зависат од размена помеѓу институции (МВР, УЈП, Управата за водење на матични книги итн.).
  • Недоверба во институциите
  • Поради претходни политички кризи, постои сомнеж дека списокот намерно се остава неточен за да се овозможи изборна манипулација
  • Иселеништво

Голем број македонски граѓани кои живеат во странство сè уште фигурираат во списокот, но ретко гласаат, што отвора простор за сомнежи во злоупотреби.

Затоа, пред секои избори ДИК отвора период за јавен увид, кога секој гласач може да провери дали е запишан и дали податоците му се точни.

Јавниот увид започнува на 23 август а завршува на 11 септември во 24 часот. Доколку граѓаните воочат грешки, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК и ги приложуваат потребните докази. ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето.

За гласачите е битно да знаат дека ДИК е надлежна според Изборниот законик да ги заштити податоците од Избирачкиот список кои не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на гласачкото право на граѓаните. Законот предвидува регистрираните политички партии, коалициите и независните кандидати, односно овластените претставници и нивните заменици на подносителите на листа на кандидати не можат да ги користат избирачките списоци на денот на изборите за евидентирање на лицата кои гласале.

Како да го контактирате ЦИВИЛ?

📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk

Вашиот глас има моќ. Искористете ја!

Извор: Цивил Медиа

Next Post

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

НАЈНОВО

Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата донесе одлука за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пријатна атмосфера за време на средбата Трамп-Зеленски, овој пат Венс молчеше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk