ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Како да ги препознаете лагите

Политичарите со години нѐ лажат дека го спасуваат здравјето на тешко болниот на Балканот, на ист начин како што јавно и непопречено надрилекарите продаваат лажни лекови за сите болести

August 25, 2025 11:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

Постојат многу едноставни начини како да ги препознаете лагите на политичарите. Исто како и измамите на разни надрилекари кои хараат на социјалните мрежи нудејќи лек за сите болести и страдања. Требаше тие што преживеаја досега, после три ипол децении „демократија“, години на слободно лажење и пропаганди, ова да го научат добро, ама ете  успеваат постојано да нѐ излажат. Повеќе сакаме да им веруваме и кога знаеме дека нѐ лажат. Затоа ги бираме да управуваат со државата, но и со нас, тие кои подобро и повеќе лажат.

Сигурно сте прочитале за волшебното решение како за само неколку дена можете да ги излечите затнатите крвни садови, да спречите инфаркт или мозочен удар, да се спасите од рак на простата, од деменција, да го повратите изгубениот слух и вид, да се излечите од сите видови канцерогени заболувања, да кажете збогум на дијабетес, на болки во колената, на ‘рбетот, брзо и едноставно да да го решите повеќегодишниот проблем со замастениот црн дроб, до таму да се спасите од стареење, од сѐ што не ви помогнале лекарите.

Лагата тргнува, исто како и во политиката, со приказната за симптомите кои се наброени до најситниот детал за вашите болки и маки. Тоа, наводно, го потврдуваат врвни и познати медицински авторитети и политички функционери. Велам наводно, бидејќи волшебни лекови кои лечат сѐ за неколку дена не постојат.

Лагата можете да ја откриете лесно кога ви соопштуваат дека лекот го нема во аптеките, бидејќи фармацевтската мафија тоа не го дозволува за да не ѝ пропадне бизнисот. Тоа му доаѓа исто како кога ќе ви кажат дека Македонија не може да ги оствари своите најголеми приоритети и интереси да биде успешна држава, бидејќи тоа не го дозволуваат предавниците и криминалците од мафијата на политичките противници, кои прават отстапки и компромиси со нашите непријатели и го распродаваат идентитетот на нацијата. Нормално, следува цврсто ветување – бидете без грижа, ние имаме решение, односно имаме лек за сите ваши страдања.

Потоа следува понудата да ви се достави чудесниот медикамент дома само за неколку илјадарки со голем попуст од 70 отсто, ако се јавите веднаш. И на крајот, следуваат потврдите на измислени излечени пациенти што ги имале истите маки. Секој ден илјадници луѓе се излажани на овој начин. Оваа подла и опасна измама никој ниту ја спречува, ниту ја казнува.

Штом кажат „народот“ – лажат

Е, сега, како оди тоа во политиката. Како успеваат политичарите со години да лажат спасувајќи го здравјето на тешко болниот на Балканот – погодувате, на Македонија.  Лажат на ист начин како тие што јавно и непопречено  продаваат лажни лекови. На секој нивни јавен настап штом го употребат зборот во името на „народот“ и ви ветат дека за една, или неколку години ќе направат чуда, дека ќе ја спасат државата, следува големата лага. Ете така тие градат 30 километри пруга за неколку месеци која се гради 20 години. Така прават за неполна година автостради, чија изградба била закочена, па сега ја откочиле. Ама не кажуваат дека тие ја закочиле.

Така експресно градат гасоводи, нафтоводи, фотоволтаици, ветерници, брани и езера, канали за наводнување, канализации, водоводи, булевари, училишта, градинки, возови низ центарот на Скопје, грандиозни споменици,  жални врби и кораби во коритото на Вардар. Така гасат пожари со зборови: десет се активни, пет се изгасени, а шест се под контрола. Сѐ така додека не догори сѐ што пламнало, или не заврне посилен дожд.

На истиот начин нѐ спасуваат од милионски обесштетувања од меѓународни судови за грешките што ги направиле самите тие додека биле на власт. Ама, ете, други биле виновни што владееле после нив кои ги откажале нивните договори за што требало да се платат пенали од 500 милиони евра. Ама со извонредниот ангажман на тие што го создале проблемот сега кога се повторно на власт спасиле 115 милиони евра премолчувајќи да кажат дека добро направиле тие што го поништиле нивниот сомнителен договор. И со тоа се фалат полни со себе настапувајќи на телевизиите.

Ова е најилустративен пример за пропагандите на ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш другиот е виновен, најмногу за нивните грешки и промашувања и додека биле на власт и додека биле моќна опозиција со своите блокади да нема двотретинско мнозинство во Собранието за најзначајните државни интереси.

Не сме имале почесна влада

На истиот пропаганден начин водат ефикасна борба, само со зборови, против криминалот и корупцијата на претходниците прикривајќи го сопствениот децениски  грабеж. Се фалат дека досега немало почесна влада од оваа, со задолжителна додавка дека борбата против организираниот криминал и високата коруција би била поефикасна да не ги попречуваат во тоа домашните  предавници и странските платеници и непријатели, опозициските партиски обвинители и судии.

Еден од најголемите успеси им е задолжувањето. Таа, најглупава лага стана одомаќинета и прифатена кај голем број луѓе. Дека некој ќе ни даде милијарди како во сонот на сиромавиот да стане преку ноќ богат од наследството што му го оставил богатиот вујко кој заминал на печалба во Америка. Кога стасал таму ги наследил долговите кои мора да се вратат со камата.

Нема кој да ги потсети денешните измамници на нивните реакции кога претходните власти се задолжуваа. Се трупаат пред секои избори  долгови во милијарди евра, баснословни суми за кои  се грижат партиските штабови како ќе се трошат, внимавајќи лавовскиот дел да стаса до партиски  подобните општини и компании, а се разбира и процентот за партијата и уште нешто за џебот.

Многу луѓе се радуваат што ги зголемуваат пензиите со нивните пари кои ги издвојувале 30 или 40 години во пензискиот фонд и на тој начин ги оштетуваат тие што работеле со децении. Едноставно, им се може со ароганција и од позиција на моќ незаконски и противуставно да им закинуваат од нивните пари. Една илјадарка пред, другата по изборите, нешто слично како во кралството Југославија, ветената наградата е еден чевел пред изборите, другиот по изборите, за да се симнат опинците. Оттаму изреката „кога сељак ќе се покондури“.

Оваа влада нема изготвено ниту еден проект, ниту пак остварено некоја капитална инвестиција. Нивното најголемо вложување е во лагите и лажните ветувања. Се делат позајмени и пари како алва за презентација на големиот успех. Тоа било транспарентно. Се разбира, треба добро да се плати за измамите да се прикажат како големи достигнувања.

Се богатат и додека спијат

Единствено кај што не им проаѓаат добро лагите се  големите успеси на четвртата по раст европска економија. Која будалаштина е ваквото тврдење кога сиромаштијата галопира според формулата според која малку луѓе многу се богатат и додека спијат, многу луѓе осиромашуваат кога работат за да преживеат.

Креираат на телевизиите и социјалните мрежи некакви кошнички, ги обвинуваат трговците за високи маржи, а се прават „на Тошо“ дека 80 до 90 отсто од храната е увозна, каде цените во тие земји се одредени според економски законитости на пазарот и по нивните стандарди на три четири пати повисоки плати и пензии. Нашите министри и партиски стратези соочени со кризата што тие ја продуцираат и со своето незнаење и неспособност врескаат со пропаганди и лаги да ги поништат економските закономерности на понудувачката и побарувачката и со ниски даноци на своето богатство и луксуз и со неказнивост на ограбувачите ги смируваат граѓаните дека ќе преземат мерки, па трчаат да се сликаат по маркетите и мудруваат за големите економски успеси. Порка мизерија.

Сите овие лаги и измами на јавноста би биле полесно откривани доколку речиси целиот медиумски простор не е под контрола на власта. Тие фабрики работат во три смени и произведуваат секоја минута стотици лаги кои загадуваат повеќе од стотиците диви депонии на „Недојдија“. Лагите и депониите се новите придобивки на идентитетот по кои нѐ препознаваат во светот.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен
Next Post

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk