Италијанскиот фотограф Реј Џубило ја направи фотографијата на својот живот во неделата на УС Опен.
Џубило беше присутен за да го следи мечот помеѓу неговата сонародничка Жасмин Паолини и Австралијката Дестани Ајава во првото коло од турнирот. Седморангираната Паолини победи во два сета, но тоа не е она по што ќе го паметиме овој меч.
Тоа е едноставно совршено темпирање и совршен агол на фотографијата.
Џубило е официјален фотограф за Il Tennis Italiano и има голем број неверојатни фотографии документирани на неговиот Инстаграм профил.
Што се однесува до Паолини, таа во среда ќе се соочи со Американката Ива Јовиќ во второто коло. Дваесет и деветгодишната Италијанка стигна до четвртото коло на УС Опен во 2024 година, откако претходно загуби во финалето и на Ролан Гарос и на Вимблдон. Таа сè уште ја бара својата прва гренд слем титула.
Извор: Sports Illustrated