Во вчерашниот руски напад на Доњецката област на Украина, загинаа 11 цивили, а 16 се повредени, соопшти денеска Вадим Фиљашкин, раководител на Донецката областна администрација.
Девет жртви се регистрирани во градот Константиновка, додека по една загината личност има во градовите Сиверск и Каленики. Претходно Укринформ извести дека при руски артилериски напади и удари со дронови во Константиновка биле убиени девет цивили, а седум други се повредени.
Од почетокот на целосната воена инвазија, во Доњецк се убиени 3.578 лица, а 8.013 се повредени. Овие бројки не го вклучуваат бројот на загинати и повредени од Мариупол и Волноваха.