ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Останете здрави и живи, после ќе му ја мислиме за изборите!

April 7, 2020 08:00
in ДЕНЕС, ФРОНТ

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Вчерашната прес-конференција на Владата, со која се објави подигнувањето на нивото на рестрикциите во движењето на територијата на целата земја, и реакциите по неа, ме потсетија на една прочуена изјава на Роналд Реган, 40-тиот американски претседател, иконата на тврдиот американски конзервативизам. Имено, во 1986 година, критикувајќи ги обидите за мешање на власта во слободата на пазарната економија, на една своја прес-конференција Реган ги дефинираше „деветте најстрашни зборови во англискиот јазик“: “I’m from the government, and I’m here to help” („Јас сум од владата и тука сум за да помогнам“).

Контекстот е поинаков, но кај еден дел од македонската јавност односот кон власта кога таа најавува дека е „тука за да ни помогне“ се доживува токму како некое заканувачко мешање во нашите права и слободи, дури и кога се работи за заштита на масовното здравје.

Мешани се причините за негативните реакции на најавените мерки: некои (особено помладите) мислат дека, општо земено, се „посилни од судбината“ и дека целава приказна со светскава смртоносна пандемија се однесува на сите, само не на нив; други велат дека власта е неефикасна во фаќањето и казнувањето на оние кои ги кршат поблагите правила, па заради таа нејзина неспособност сега треба „сите да се казнат“, иако за таква драстични мерки немало потреба; трети, пак, ги интересира и другото, а не само здравственото преживување: „Ќе испоцркаме за леб“ е сентенцата со која бараат да се прифати ризикот од поширока зараза, макар по цена на неколку стотици (или илјадници?) мртви од таа зараза, наспроти ризикот од економска пропаст…

Има и такви, блажени езекилијанци, кои повеќе веруваат во Господ, отколку во здравствените експерти, одамна протерани од Градината на Еден (во народот попозната и под техничкиот термин: Рај) токму заради тоа што докторите имаат гризнато од „јаболкото“ на медицинското знаење и мудрост. Нема ни корона ни владини мерки што ваквите можат да ги спречат за Велигден да стапнат чекор поблизу до средбата со Севишниот!

Најподмолните се, сепак, оние со политичка агенда, кои не престануваат да произведуваат секојдневни лаги и манипулации, иако будното око на јавноста ги „лови“ уште во моментот кога ги изговараат. Вчера, на пример, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски запенавено тврдеше дека сме „држава со најголем процент заболен медицински персонал од корона“, иако не е тешко да се провери, ако се сака, дека, напротив, во таа неславна статистика Македонија, сè уште, процентуално спаѓа во „просекот“ од државите со заболен медицински персонал. Кога вака безочно лажат и шират паника портпароли и нивните партиски претседатели, што ли остана за обичното партиско членство распослано по социјалните мрежи?!

Во целата „бонанца“ на реакции и контра-реакции, забележлива е една, речиси, константа: оние кои се, по функција, надлежни за зачувување на здравјето на нацијата (здравствените власти на чело со најодговорните епидемиолози, министрите, градоначалниците, па и голем дел од медиумите) бараат строги и построги мерки; наспроти слободоумните здравствени аматери, помешани со оние со други проблематични агенди, кои се сомневаат дека власта ја практикува Регановата лажна парадигма дека е „тука за да ви помогне“. Дури, повеќе претставници (и добронамерни) на вториве не се воздржуваат да им порачаат на првите дека, кога ќе дојдат следните избори, гласачки ќе им се „одмаздат“ за ова еднонеделно заострено ограничување на демократските идеали за слободно движење, собирање и економско приходување.

Ајде вака: да останеме сите здрави и живи, макар и незадоволни или уплашени, а секако осиромашени, па после да му ја мислиме за изборното гласање? Оти, сè некако ми се чини дека и наредните избори ќе ги одлучи огромниот број на оние кои сега молчат, а на кои здравјето им е првата и најважна грижа.

 


Сите права се задржани.
Tags: вонредна состојбапандемијапропаганда
Next Post

9: НАТО е предуслов за развој, Австрија со групна тужба од 2.500 туристи, жените со Ковид-19 можат да дојат, последниве 24 часа во Кина не е евидентиран смртен случај од корона вирус

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk