ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српско- хрватска шпионска афера во Косово; Рама ќе го штити самитот на НАТО со со дронови „Made in Albania“; САД го објави извештајот за Мекгонигал

September 5, 2025 14:39
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот со апсењето на две лица во Хрватска под сомнение за шпионажа за Србија, објавен кон крајот на август, продолжува да биде полн со непознати, како и активноста за која се обвинети дека ја извршиле на Косово, пишуваат косовските медиуми.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за ТВ Клан изјави дека самитот на НАТО што ќе се одржи во 2027 година во Тирана ќе биде заштитен со дронови од албанско производство, објавија албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РСЕ: Дали безбедноста на Косово беше загрозена од двојката осомничена за шпионажа?

Хрватски воен офицер и неговата  партнерка Србинка, неодамна беа уапсени во Хрватска под обвинение за шпионажа за Србија. Во Косово, каде што се осомничени за вршење на оваа активност, тие сметаат дека случајот ги истакнува напорите на Белград да навлезе во чувствителните структури во Приштина, но и во НАТО. Дали националната безбедност на Косово беше загрозена?, пишува РСЕ.

Случајот со апсењето на две лица во Хрватска под сомнение за шпионажа за Србија, објавен кон крајот на август, продолжува да биде полн со непознати, како и активноста за која се обвинети дека ја извршиле на Косово.

Газета експрес-  ЦИК: Гласачите можат да гласаат само за еден кандидат за Општинско собрание – доколку изберат повеќе од еден, се брои само гласот за политичкиот субјект

По ждрепката за рангирање на политичките субјекти (политички партии, коалиции, граѓански иницијативи и независни кандидати), Централната изборна комисија објасни како треба да се пополнуваат гласачките ливчиња на Локалните избори за градоначалници и општински собранија, кои ќе се одржат на 12 октомври 2025 година.

Според ЦИК, гласачкото ливче со сина рамка припаѓа на изборите за општински собранија. На левата страна од гласачкото ливче, гласачот мора да гласа само за еден политички субјект, додека на десната страна од него, гласачот може да гласа само за еден кандидат за член на Општинското собрание од листата на тој политички субјект.

Доколку на гласачкото ливче е означен повеќе од 1 кандидат, ќе се смета само гласот за политичкиот субјект, пренесе Газета експрес.

АЛБАНИЈА

Калзо – Рама: Ќе го штитиме самитот на НАТО во Тирана со дронови „Made in Albania“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за ТВ Клан изјави дека самитот на НАТО што ќе се одржи во 2027 година во Тирана ќе биде заштитен со дронови од албанско производство.

„На самитот на НАТО, кој е на највисоко ниво на безбедност во светот, ќе ја заштитиме територијата на Тирана со дронови од албанско производство“, рече тој за време на интервјуто. Рама изрази увереност дека Албанија ќе има свои воени производи, како што се дронови, за да ја заштити својата безбедност.“, пренесе Калзо.

Ора њуз: Врски со албанската влада/ Министерството за правда на САД ја објави истрагата на Мекгонигал

Министерството за правда на САД денес ја објави истрагата за Чарлс Мекгонигал, во која се осврнува и на неговите врски со Албанија, „Лицето А“ и „Лицето Б“, како и на исплатата од 225.000 долари, пренесе Ора њуз.

КОЛУМНА

Коха: Петтата битка за Евроазија

„Во последно време, Кина се стреми кон глобалниот трон. Ги заплашува своите соседи во обид да создаде огромна сфера на влијание што кинескиот лидер Си Џинпинг ја нарече „Азија за Азијците“. За да го оствари ова, Кина се подготвува за можна војна во Западниот Пацифик, преземајќи една од најголемите воени модернизации во модерната историја.

Така, денес стоиме на работ на петтата битка за контрола на Евроазија. И, уште еднаш, САД се во епицентарот на одбраната на западниот поредок. Врз основа на секој воен, економски и технолошки параметар, САД поседуваат материјална супериорност над своите противници. И додека САД сигурно имаат материјални ресурси за да го зачуваат западниот поредок, прашањето останува: дали денес имаат карактер за да победат?“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Петтата битка за Евроазија“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Путин признава дека Русија се соочува со недостиг на гас поради украинските нападите врз енергетската инфраструктура

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk