ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нетанјаху му се закани на Катар да ги протера лидерите на Хамас или Израел ќе ги нападне

September 11, 2025 10:08
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Катар да ги протера претставниците на палестинската милитантна група Хамас, еден ден по нападот врз раководството на исламската организација во Доха.

Нетанјаху рече дека нападите биле изведени против планерите на масакрите од 7 октомври 2023 во Израел, кои ја предизвикаа војната во Газа.

– Им велам на Катар и на сите нации што засолнуваат терористи: или ќе ги протерате, или ќе ги изведете пред правдата. Затоа што ако не го направите тоа, ние ќе го сториме, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер дополнително го обвини Катар дека им обезбедува на лидерите на Хамас безбедно прибежиште, финансирање и луксузни вили.

Катарското Министерство за надворешни работи ги осуди „неодговорните изјави“ на Нетанјаху.

Министерството за надворешни работи во Доха ги нарече коментарите на Нетанјаху „експлицитни закани за идни повреди на државниот суверенитет“ и ги опиша како „срамен обид“ да се оправда „кукавичкиот напад“ на Израел во катарскиот главен град во вторникот.

Израелската војска уби шест лица во напади во станбен кварт во Доха во вторникот, што го налути Катар и предизвика ретка критика од американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу жртвите бил и синот на Халил ал-Хаја, највлијателната личност на движењето во странство, како и шефот на неговиот на кабинет. Ал-Хаја, кој ја предводи делегацијата на Хамас во преговорите за прекин на огнот, преживеал, соопшти групата.

Нападот предизвика меѓународни осуди од арапските држави, Кина и европските лидери.

Но Израел ја зацврсти својата позиција, при што министерот за одбрана Исраел Кац вчера на Х напиша дека „политиката за безбедност на земјата е јасна“, пренесе ДПА.

– Долгата рака на Израел ќе делува против своите непријатели насекаде. Нема место каде што можат да се кријат, напиша тој.

Кац повторно му се закани на Хамас со уништување и предупреди дека Појасот Газа ќе биде разурнат доколку милитантите не ги прифатат условите на Израел за завршување на војната.

Израел пред сè бара ослободување на сите заложници и разоружување на Хамас.

Катар, заедно со Египет и САД, речиси две години посредува помеѓу Израел и Хамас во конфликтот во Газа. Преговорите за прекин на огнот се во застој со месеци.

Tags: КатарНетанјахуХамас
Next Post

Шпанскиот парламент го отфрли предлогот за скратување на работната недела

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk