ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

САД ветија дека ќе ја заштитат територијата на НАТО по нарушувањето на полскиот воздушен простор

September 13, 2025 08:47
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД пред Советот за безбедност на ОН потврдија дека ќе „ја заштитат секоја педа од територијата на НАТО“, по наводното руско навлегување во воздушниот простор на Полска.

– САД ги поддржуваат своите сојузници од НАТО пред овие вознемирувачки нарушувања на воздушниот простор, изјави вршителот на должноста постојан претставник на САД во Светската организација, Дороти Ши, пред 15-членото тело.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека наводното навлегување на дронови од Русија во Полска можеби било грешка.

Ши, исто така, истакна дека Русија ги засилила своите бомбардирања против Украина откако Трамп се состана со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, како дел од неговиот обид да посредува за ставање крај на војната во Украина.

– Овие дејствија, со тоа што сега се додава и нарушувањето на воздушниот простор на сојузник на САД – намерно или не – покажуваат огромно непочитување кон добронамерните напори на САД да стават крај на овој конфликт, рече Ши.

Полска во средата собори дронови во својот воздушен простор со поддршка од авиони на сојузниците од НАТО. Ова е прв случај членка на западниот воен сојуз да пука за време на војната на Русија во Украина.

Постојаниот претставник на Словенија во ОН, Самуел Жбогар, изјави пред Советот за безбедност дека „ова се агресивни и опасни дејствија, бидејќи тешко е да се замисли дека толку многу дронови прелетале толку длабоко над полска територија, без намера“.

Русија изјави дека нејзините сили ја нападнале Украина за време на навлегувањето на дроновите и дека немала намера да гаѓа цели во Полска.

– Немаше обележани цели на полска територија. Максималниот дострел на дроновите користени во овој напад не надминуваше 700 километри, што физички го прави невозможно тие да стигнат до полска територија, изјави пред Советот рускиот постојан претставник во ОН, Василиј Небензја. Тој додаде дека Москва е подготвена да разговара со Полска, „ако полската страна навистина е заинтересирана за намалување на тензиите, а не за нивно разгорување“.

Next Post

Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди источниот брег на Камчатка

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk