Од опожарениот простор во Трубарево има слабо чадење од само неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
Како што наведува, се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето.
Пожарот избувна вчера околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад. Лекарска помош по пожарот побарале четири лица и сите се надвор од животна опасност.
Ангелов вечерва информираше и дека чадењето од депонијата „Дрисла“, присутна по пожарот што избувна пред неколку дена е значително намалено.
Изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови, која сеуште чади но во неспоредливо помал обем во однос на првиот ден. Затрупувањето продолжува и утре, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина, изјави Ангелов.
			




