Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, на сите универзитетски единици, денеска и утре ќе го реализира вториот уписен рок за студенти бруцоши.
Во првиот уписен рок се запишаа 838 кандидати, а во вториот уписен рок на располагање се 1505 места, од нив 609 за редовни студенти, 550 за студирање со кофинансирање и 346 места за вонредни студенти.
Од секторот за односи со јавност на УКЛО-Битола информираа дека на Техничкиот факултет во вториот уписен рок огласени се 244 слободни места, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии слободни се 200 места, а на Педагошкиот факултет може да се запишат уште 149 студенти.
Втор уписен рок се организира на факултетот за Биотехнички науки каде слободни се 95 места, на Ветеринарен факултет има уште 37 индекси за исто толку бруцоши, додека на Високата медицинска школа може да се запишат 139 кандидати.
Слободни места за студирање во новата академска година има на универзитетските единици на УКЛО во Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кичево.