ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025 22:04
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

Share on FacebookShare on Twitter

 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вечерва ги објави резултатите од вонредните анализи спроведени по големиот пожар што избувна во саботата во магацин за отпад во скопското село Трубарево. Според денешните испитувања на земените примероци од вода, не е утврдена радиоактивност. Нема ниту опасни нивоа на тешки метали во почвата.

Како што информира ИЈЗ, се забалежува зголемување на два параметра, Cu (бакар) и Zn (цинк) само од едно испитано место – површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии, но тоа е во рамки на очекувањата.

– Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода. Во текот на вчерашниот ден, ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода. Во текот на денешниот ден, ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва како и испитувањата за радиокативност во вода, соопштија од Институтот.

Како што информираат, земени биле мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва.

Дополнителните анализи, завршени денеска, покажале дека нема отстапувања од референтните вредности за вкупно 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb).

-Се забалежува зголемување на два параметри Cu (бакар) и Zn (цинк) само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и истото е во рамките на очекувањата. Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните 16 тешки метали, се наведува во соопштението.

Во текот на денешниот ден, како што посочија од Институтот, се испитала и радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода.

Од ИЈЗ нагласија дека анализите се направени во најкус можен рок и дека истите ќе бидат повторувани според предвидените протоколи.

– ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни државни институции и за секоја наредна активност, јавноста ќе биде соодветно информирана, додадоа од ИЈЗ.

Tags: ИЈЗТрубарево
Next Post

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk