ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК предложи пакет санкции кон Израел и Хамас, Сар се закани дека Израел ќе одговори со иста мера

September 17, 2025 16:02
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија усвои предлог за делумна суспензија на трговските придобивки за Израел и за робустен пакет-санкции кон терористите од Хамас, екстремистичките министри во израелската Влада и кон насилните еврејски доселеници и субјекти кои ја поддржуваат неказнивоста на Западниот Брег, соопшти денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

– Сакам да бидам многу јасна. Целта не е да се казни Израел. Целта е да се подобри хуманитарната состојба во Газа, рече Калас на денешната прес конференција по седницата на Европската комисија.

Според Калас, копнената офанзива на израелските сили во градот Газа резултира со нова ескалација на конфликтот и дополнително ја продлабочи хуманитарната криза во Појасот.

– Сите земји членки се согласуваат дека состојбата во Газа е неодржлива, дека војната мора да заврши, дека страдањето мора да запре и сите заложници мора да бидат ослободени. Мора да ги искористиме сите средства што ни се на располагање за остварување на овие цели, додаде Калас.

Сакам да бидам многу јасна. Целта не е да се казни Израел. Целта е да се подобри хуманитарната состојба во Газа, рече Калас на денешната прес конференција по седницата на Европската комисија.

Таа нагласи дека вниманието не смее да биде одвлечено од опасниот развој на настаните на Западниот Брег, што ги намалува шансите за постигнување мировно решение по моделот за постоење на две држави – Израел и Палестина.

Со одлуката, како што информира еврокомесарот за трговија и економска безбедност Марош Шефчович на прес-конференцијата, Комисијата му предлага на Советот на ЕУ суспендирање на одредени одредби од Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел поврзани со трговијата.

Предлогот се базира на оценката дека преземените активности од страна на израелската Влада претставуваат прекршување на суштинските елементи поврзани со почитувањето на човековите права и демократските принципи од Членот 2 од Договорот.

Според Комисијата, ова прекршување се однесува на влошената хуманитарна состојба во Газа по израелската воена интервенција, блокадата на хуманитарната помош, интензивирањето на воените операции и одлуката на израелските власти за населување на нови доселеници на Западниот Брег.

Делумната суспензија на Договорот во пракса значи дека увозот од Израел ќе го изгуби својот преференцијален пристап до пазарот на ЕУ и на израелските стоки ќе им се наплаќаат царини на ниво што се применува за која било друга трета земја со која Унијата нема договор за слободна трговија.

Овој предлог на Комисијата треба да биде одобрен Советот на ЕУ со квалификувано мнозинство.

Иницијативата на ЕК содржи и предлози за воведување казнени мерки врз основа на Глобалниот режим на санкции за кршење на човековите права на ЕУ кон деветмина израелски министри и еврејски доселениците, како и кон 10 членови на Политичкото биро на Хамас. Овој предлог Советот на ЕУ треба да го одобри едногласно.

Комисијата, исто така, донесе одлука и за замрзнување на својата билатерална поддршка за Израел, со исклучок на помошта за граѓанското општество и Меморијалниот центар на Холокаустот „Јад Вашем“. Оваа одлука се однесува на сите планирани финансирања од 2025 до 2027 година, како и на тековните проекти за институционална соработка и на програмите во рамките на Регионалниот механизам за соработка меѓу ЕУ и Израел.

Според еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, со оваа одлука се замрзнува целата билатерална финансиска поддршка од ЕУ за израелската Влада.

Таа нагласи дека ЕУ продолжува да се залага за решението за две држави и за таа цел за следните две години ќе издвои 1,6 милијарди евра за реформи на палестинските територии.

– Сепак, самото финансирање не е доволно, рече Шуица на прес-конференцијата, најавувајќи одржување донаторски собир за Палестина, како платформа за насочување на напорите на регионалните и меѓународните партнери за поддршка на Палестинците.

Шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар предложените мерки на Европската комисија за Израел ги нарече „морално и политички искривени“

– Чекорите против Израел ќе и наштетат на интересите на Европа, објави Сар на платформата Икс.

Тој додаде дека Израел со пријателите во Европа ќе ја продолжи борбата против обидите да му се нанесе штета додека е соочен со егзистенцијална војна.

– На чекорите против Израел ќе одговориме со иста мера, а се надеваме дека тоа нема да биде потребно, истакна Сар.

Европската комисија денеска усвои предлог за делумна суспензија на трговските придобивки за Израел, како и пакет санкции за Хамас.

Tags: ЕКЕУизраелсанкции
Next Post

Рама: Ние бевме Северна Кореја во Европа, мора да останеме со ЕУ

НАЈНОВО

Пад на каматите на кредитите, раст на каматите на депозитите во септември

November 3, 2025
Фото: МИА

Кривична постапка за организирање борби со кучиња во битолско

November 3, 2025

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk