Светски познатиот автор, сценарист-режисер и продуцент од Турција, годинешен добитник на наградата Специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, Семи Капланоглу, одржа мастер клас и прес конференција на кои презентираше дел од својата богата кариера.
Во фестивалскиот прес центар Капланоглу истакна дека за секој режисер посебно е важна работата со младите кинематографери како иднина за филмот во светот.
-Прво сакам да кажам затоа што мислам дека развојот на турската кинематографија почнува токму тука и се совпаѓа со браќата Манаки. Инаку, јас од секогаш сакав да работам со млади таленти, со кинематографери кои со својата енергија и свежина успеваат да го доловат моментот значаен за камерата. Но, мора да истакнам дека сум работел и со многу искусни кинематографери од Велика Британија, Русија и други држави, нагласи Капланоглу, и додаде дека за филмот почнал да се интересира на 9 годишна возраст, но на Универзитетот „Докуз Ејлуп“, како што рече, научив дека филмот не снимен во камерата, туку во умот. Тоа беше важна лекција за мене нагласи Капланоглу.
Годинешниот лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“ е наградуван на многу фестивали, а најзначајната награда во неговата кариера е „Златна мечка“ освоена со филмот „Мед“ во Берлин, 2010 година.





