Светот е воодушевен од спектакуларната изведба на „Bohemian Rhapsody“, која Julien Cohen, Mickey Callisto и Olly Pearson ја реализираа како флешмоб на една пешачка улица во Париз.
Само за нешто повеќе од десет дена, видеата на социјалните мрежи собра 500 милиони прегледи, а многумина го нарекуваат „феномен на годината“.
Уникатниот концепт, три главни артисти, десетици пратечки вокали, улична сценографија а сепак жив концерт на отворено, е инспирација што ги повикува минувачите да запрат, да слушнат и да се воодушеват од моќта на музиката.
Julien Cohen стои зад пијаното, Mickey Callisto ја носи вокалната главна нишка, а 11 годишниот Olly Pearson го надополнува целото доживување — сите заедно создаваат атмосфера што потсетува на концертска магија на улица.
Објавата беше споделена преку социјалните мрежи каде што корисниците буквално го „разнесоа“ видеото — со милиони споделувања, коментари и реакции.
Редакција Фронтлајн