ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош а тој ја игнорирал?; МВР демантира

September 24, 2025 11:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

„Очајно ми треба помош” – напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот. Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.

„Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација. Човекот кој од декември наваму, ме демне, ме тепа, ми нанесува друг вид на насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода”, пишува во пораката која наводно е испратена до министерот Тошковски.

„Дали оваа порака Почитуван министре стигнала до вас пред 5 месеци ?

Ако стигнала, што сте направиле?

Прашуваме, бидејќи наводно во оваа порака на Росица е објаснета нејзината целосна голгота низ институциите, името на обвинителот, но и  тоа дека на човекот кој ја уби Росица и покрај сите терори кои ги трпела и ги пријавила уредно, стои дека пасошот му е вратен од страна на МВР.

“Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин” напишала Росица.

Прашуваме уште еднаш, дали е ова точно?

Ако е така, тогаш граѓаните со сигурност може да заклучат дека се оставени сами на себе кога се работи и за нивниот живот и дека залудно пријавуваат насилство, закани, демнеење.

Смртта на Росица е трагична. И ниту еден коментар од послушниците на власта не можат да ја намалат сериозноста на непостапувањето на институциите да го спасат животот на оваа млада жена. Ниту Миленко Неделковски, ниту било кој од власта, кој се обидува да ја префрла топката еден на друг.

Каде во оваа држава човек треба и може да се обрати доколку му се закануваат по живот? Доколку го тепаат, му палат автомобил?

Каде може да пријави една жена за да знае дека таа и најблиските ќе бидат сигурни?

Убиството на Росица не смее да биде заборавено.

Убиството на Росица бара одговори, бара дговорност и бара будност и голема сериозност на институциите, а не префрлање на вина еден на друг.

Росица не молчела! Росица пријавувале секогаш кога стравувала за својот живот, а нејзиниот живот и животот на нејзиниот татко згаснаа.

Каква порака е оваа за сите други жени кои собираат храброст да пријават дека трпат насилство, закани, демнеење, дека животот не им е спокоен? Која би била вистинската адреса за нив, ги прашуваме институциите. Или треба да молчат?“, истакна Кузеска.

Министерот Панче Тошковски, демантира дека убиената Росица му барала помош преку СМС-порака

-Министерот Панче Тошковски категорично ги демантира наводите изнесени во јавноста поврзани со вашето прашање. Воедно тој упатува апел овој трагичен настан да не се злоупотребува за дневнополитички цели, одговорија од МВР за „Слободен печат“.

Тошковски за „Слободен печат“ вели дека оваа порака не е веродостојна. На инстаграм профилот на Илија Стефановски, кој го оконча животот на младата Росица, а кој е отворен за јавноста, може да се види дека тој објавил фотографија дека е во Берлин на 12 јануари 2025 година, но не може да се верификува кога фотографијата е снимена.

 

 

 

 

Tags: МВРРосицаТошковски
Next Post
депонија Кочани. Фото: Општина Кочани

Градоначалникот на Кочани упатува на скандалозна јавна набавка на МЖСПП: Еден милион денари за еднодневен третман на кочанската депонија

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk